Славе: Ми се стега срце кога ќе го слушнам синот – тато, па зарем три месеци пак ќе те нема

  • By admin
  • јуни 19, 2021
  • 0
  • 6307 Прегледи

Колку сакаш пари имај, сепак времето поминато со семејството е најдрагоценото нешто што постои. Но, за жал многу често сме приморани да се одделиме, и тоа свесно го правиме.

Јас како млад имав убав живот, но пред некоја година решив да заминам во странство на сезонска работа – глвана причина се парите. Од време си работев во фабрика.

Толку можев и заработував колку за преживување. Тргнав некој денар настрана, се оженив и добив син. Тој сега има скоро четири години. Со сопругата бевме вработени се дури не дојде моментот кога веќе недостигаа повеќе пари и јас морав да одлучам да заминам на печалба.

Тешко ни беше на почетокот затоа што син ми беше многу мал, а јас морав да ги оставам него и сопругата сами да се снаоѓаат. Родителите ми се постари и не можат многу да трчаат околу нив.

Сопругата секој ден ми се јавуваше со плачење на телефон, како нема некој до неа да и помага и да и пружа поддршка. Недостаток беше и тоа што таа доаѓа од село, па нејзините не можеа да бидат до неа почесто.

Најмногу брат и и помагаше во купувањето и возењето до некое место. Добро е што него го имавме. И мене ми беше тешко во исто време, ем оддалечен, ем не знаев јазик, првпат одев во странство и тешко беше да се навикнам.

Работата ја свикнав, не сум мрзелив, повеќе ме измачуваше помислата на моите дома. Баш затоа тие ми беа секојдневна надеж дека штом поминат тие 3 месеци ќе се вратам и ќе бидеме пак заедно.

Кога ќе се вратев целото време го користев да бидам со нив. Искрено многу подобро се заработува и подобро живееме сега отколку порано. Успеав и да реновирам низ дома и да ги обезбедам детето и сопругата со сè што им е потребно.

Дури беше помал синот не разбираше толку и не го прифаќаше тешко моето заминување. Го чувствуваше недостатокот, но комуникацијата ја оддржувавме секој ден преку камера, не дозволував да ме заборави.

Е сега, како веќе расте сè повеќе и повеќе, веќе и тој почнува да реагира. Детето дури се навикне на мене и на нашите заеднички моменти, јас пак заминувам. А толку е радосен кога сме заедно.

Го носам во парк, на прошетки, во игротеки, во зоолошка, играм разни игри со него и нормално детето почнува да негодува. Најмногу ме погоди кога јас веќе почнував да се спремам полека за пат, а тој ме праша, тато зошто мора пак да те нема три месеци?

Те молам остани со мене, па сите деца имаат татковци до нив, зошто и ти не можеш да бидеш тука? Срцето ми се распарчи во истиот момент. Што да му кажам, тато нема доволно пари за да ти купува играчки и облека, па мора да оди да заработи?

Му одговорив дека морам да одам на рабпта, еден чичко таму ме чека, а детево упорно , ама зошто не дојде и тој тука, работете тука и тука се живее.

Така е злато, но ако тато седи тука ти нема да можеш да имаш количка на далечинско, нема да имаш нови модели на играчки и сите чоколади што ќе ги посакаш.

А јас кога ќе си дојдам ќе ти донесам многу играчки и сè што ќе ми посакаш. Е тука веќе го погодувам, и веднаш ми се
озарува и се смее.

Ми наброја сè што сака да му купам и донесам кога ќе се вратам, а јас се согласив. Ми идеше да заплачам, си велам како ли ќе се чувствува ако ме нема цело време…не сакам ни да замислам.

Ќе се обидам уште некое време да поработам вака, а потоа или ќе се преселиме сите тројца или ќе се вратам дома и не одам повеќе. Не можам децата да ги оставам со еден родител, не сакам да се оддалечуваат од мене.

Посебно па кога ќе пораснат во тинејџери, е тогаш ќе мора да бидеме до нив за да не скренат од патот. Сум слушал од многу мои другари кои израснале од некои причини така со еден родител и самите признаваат дека имаат недостатоци и во однесувањетои во градењето на карактерот. Тешко е и кога фалат пари, но нешто мора да се жр твува, а јас семејството не сакам да си го оставам.

Обработил: Д.С. Фото: Илустрација.