Скопјанецот Зоран низ солзи сведочи за 26 дневната борба за живот: Пред мои очи пакуваа и изнасаа во црни вреќи

  • By klaster1
  • мај 26, 2021
  • 0
  • 32433 Прегледи

52 годишниот Зоран Нацевски од Скопје го живее вториот живот. 26 дневната би тка во ковид центар со кислородна поддршка остави трајни последици врз неговото здравје.

Исплашен и разочаран со солзи во очите Нацевски раскажува низ какви маки маки поминал за да биде хоспитализиран, но и за пе колните моменти поминати во болница, особено првите три дена во ковид центарот на Клиниката за ОРЛ.

-Тешко ми е многу навистина емоциите работат, пред мене човекот си замана така на оној свет, дојдоа сестри и доктори и буквално го гледаа така 10 минути гледајќи го како испушта душа.

– И што е нешто нај мор бидно, што се случи пред мои очи е тоа што го пакуваа во црна вреќа пред мене. Им велам на сестрата што сторивте, таа ми вели што да направам немаме никаков апарат, толку се ресурсите.

Навистина жално, какво здраство имаме ние. Јас не ги обвинувам сестрите, немаат со што повеќе.

Доаѓа една сестра на контрола и ми мери телесна температура, и апаратчето покажува 36,7 јас им велам сестро ај пипнете ми го челото и таа така и стори и ми вели ,,Па вие имате температура, горите,,

Се поставува прашањето колку се веродостојни тие апарати, вели револтирано Зоран.

Во тие ковид центри само што ти ја стават маската со кислород и ти веќе си на другиот свет, работата со тебе е завршена буквално. Јас додека бев таму изнесоа над 4 или 5 луѓе со црни вреќи, вели растре вожено Зоран.

Се јавува мојата сопруга и ми вели Зоран јас тебе ќе те префрлам во приватна клиника, јас на тоа одговорив ,, Знаеш ли колку пари се тоа,, а таа ,,Мене ми треба сопруг и татко на детето друго не ме интересира, вели низ солзи Зоран.

Јас во приватната клинка платив 25 илјади евра, и потоа морав да одам и на контроли и еве сега сум на работ на егзистенција.

Јас сум пост-ковид пациент, еве уште закрепнувам, како резултата на лежење во болница 26 дена добив атрофија на мускулите. Замислете да не се мрднете 26 дена.

Нацевски од срце се заблагодари на неговите најблиски роднини и пријатели, за како што вели вториот живот го живеам благодарение на нив и на медицинскиот персонал.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алфа ТВ.