Македонија од секогаш имала, а веруваме ќе има песнио кои длабоко ќе останат во срцата на многу Македеонци.
За Македонија и Македонците е добро познато нашироко дека се музикален народ кој знае како треба со песната и музиката.
Веруваме дека сите од вас на многу наврати досега сте ја слушнале, а претпоставуваме и сте ја пееле по разно-разни настани и поводи македонската народна песна “Каде сте Македончиња”.
Оваа песна всушност и има свој автор, а како нејзин прв изведувач можеме слободно да го споменеме Александар Сарев, познат македонски пејач.
Познатиот македонски пејач кој прв ја испеа легендарната песна „Каде сте Македончиња“, Александар Сарев поч ина вчера во Скопје на 86 годишна возраст, информира неговото семејство.
Александар Сарев е роден на 20-ти февруари 1936 година. Во богатата своја музичка кариера, најпознат беше откако во 1987 година на Фолк фест Валандово, за првпат ја изведе антологиската музичка тема „Каде сте Македончиња“.
За оваа изведба на Сарев, креаторот на песната Бранко Ѓоргиевски – Кецовски во една своја изјава ќе рече:
– Изборот за изведба на песната падна на веќе реномираниот и искусен пејач Александар Сарев, кој песната ја отпеа маестрално и многу, многу тро гателно.
Последниот поздрав од Сарев ќе се одржи денеска во 13 часот на гро биштата во Бутел.