Синот и снаата му ги оставиле децата на дедото Един: Мене ме нарекуваат мамо и тато

  • By klaster2
  • октомври 18, 2022
  • 0
  • 421 Views

Един Џафиќ од Бреза во Босна и Херцеговина се грижеше за своите четири внуци, откако еден од неговите два сина ги оставил децата по разводот.

“Работев како автомеханичар и имав доволно пари за сè. Чував и овци. Направив нешто за да имаме покрив над главата и да имаме пристоен живот.

Имав два сина кои подоцна работеа малку со мене. Ги школувавме, но после сето тоа имав и здравствени проблеми кои многу се одразија на сите нас.

Син ми подоцна се ожени. Никому не му бев товар“, изјави Џафиќ со тешко срце во емисијата ,,Исполни ми ја желбата” на ТВ Хајат

Неговиот син и снаа потоа се разделиле и ги оставиле децата. Грижата ја препуштиле на Един и неговата сопруга, кој даваат се од себе да преживеат.

„Тие живееја овде, немаше многу добри услови. Се ма чевме да земеме нешто. Тој ден бев во гаражата. Ми заѕвони телефонот, но не го слушнав.

Јас одговорив подоцна, а син ми веќе замина за Словенија, децата останаа сами. Ги најдов како пла чат“, се сеќава тој на денот кога неговите внуци биле напуштени од родителите.

,, Ме нарекуваат мамо или тато, за нив сум буквално се, вели овој напа тен човек. Од тој ден неговиот син и снаа ја сведоа комуникацијата со нив на минимум.

,, Џафиќ вели дека од време на време им се јавуваат да ги прашаат како им е. Сепак, Един и неговото семејство се во тешка финансиска ситуација. Заедно со сопругата се труди на своите деца да им овозможи што е можно понормално детство.

„Ги прашав син ми и снаата за се, но ништо не ги интересира. Сето ова е сега мојот живот. Ги хранам децата како знам и умеам.

,, Ме викаат баба, дедо и понекогаш мамо.Тие сакаат мајка,топлина…Им го даваме тоа што го имаме.Една е мајка,еден е татко. Се справувам колку што можам, вели Един.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.