Се што заработил, исчезнало за момент, пожар проголта цела пилана и столарија во Ново Село

  • By klaster1
  • јули 18, 2021
  • 0
  • 7247 Прегледи

Во голем пожар изгоре пилана и столарница во Ново Село и складиште со градежни материјали во соседниот двор, близу пиланата.


Со часови противпожарните единици се бо реле со огнената стихија во раните утрински часови, а гасењето било отежнато и поради теренот во кој требало време да се пристапи до објектот.

Во дворот на пиланата се уште чади. Очевидци на пожарот имало малку, објектот се наоѓа надвор од селото. Оние што го познавале објектот порано, велат дека била огромна фабрика.

Од противпожарната единица Струмица велат дека во гасењето учествувале 4 противпожарни возила и десет пожарникари-спасители.

Увидна екипа на СВР Струмица била на местото на настанот. Материјалната штета и причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат,

-Јас сега пристигнав пред малку, причинета е огромна материјална штета која според проценките е околу 100 илјади евра, вели сопстевникот за телевизија ,,ВИС,,

– Во оваа работилница имаше многу машини, меѓу кои машини за преработка на столови, машина за рамнење на даски, и слично.

– Пожарот започнал околу 3 ипол часот, а сеуште има чад, потполно не е изгаснат, навстина е многу тешко, н,езнам како понатаму.

Со започнување на високите температури, во земјата е засилен бројот на пожари, а многумина објекти настра даа од пожарите.