Се чини прашање на време е: И Филипче најави можни мерки за влез во Македонија

  • By admin
  • јули 7, 2021
  • 0
  • 2066 Прегледи

Oд понеделник ќе почне теренска вакцинација, а ќе се дозволи и вакцинација на деца од 12 до 16 години, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Децата ќе се вакцинираат со ‘Фајзер“ која во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи за деца на оваа возраст“,рече Филипче.

Коментирајќи ги случаите кај кои е потврден делта-сојот на ковид-19, Филипче рече дека генерално епидемиолошката состојба е стабилна, но дека состојбата будно се следи во случај да е потребно воведување на нови рестрикции.

Филипче потенцираше дека единствен начин за да се спречи нов пик е вакцинацијата.

„Генерално, состојбата и понатаму е мирна. Некаде низ болниците низ земјава нема воопшто прегледи, и тоа е еден параметар дали има тренд на зголемување.

Дел од ковид-центрите се целосно затворени. Со членовите на Комисијата за заразни болести ќе дискутираме дали сегашната состојба бара воведување на некакви рестриктивни мерки.

Оваа ситуација ни покажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, која било од вакцините штити од тешка болест и смрт, и тоа е суштината. Еве, во Англија, иако имаат нов бран, има целосно попуштање на мерките бидејќи не знаеме дали ќе има нови мутации кои ќе предизвикуваат нови бранови, што значи дека пандемијата може да трае и повеќе години, имаше предвидувања дека ќе трае до 2024 година дека ќе премине во ендемска форма, но тоа не значи дека треба да живееме затворени, туку дека сите граѓани треба да се вакцинираат.

И да е присутен вирусот и да дојде нова мутација, ако се заразат ќе имаат лесна форма на болеста, веројатно форма на некаква настинка“,рече Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека поради детектирањето на индиската – делта варијанта на коронавирусот кај пациенти во земјава, можно е воведување мерки на границите при влез во Северна Македонија, но не и реорганизација на она што сега функционира како што се отворени установи со протоколи.

– Евентуално барање на ПЦР тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени, изјави Филипче по средбата со академик д-р Александар Димовски од Центарот за генетички инженеринг и биотехнологија од Македонската академија за наука и уметности (МАНУ)

На новинарско прашање дали евентуалните мерки што би биле воведени на границите ќе важат и за државјаните на РС Македонија кои ќе одат на летување и на враќање ќе мора да приложат некои од потребните документи, Филипче одговори дека доколку се одлучи оти има епидемилошка вредност, тоа ќе важи за сите.