Се огласи таткото на 16-годишната Наташа од кочанско која исчезна вчера: Вчера требаше да и биде посебен ден

  • By klaster1
  • јуни 11, 2021
  • 0
  • 16627 Прегледи

16 годишното девојче Наташа Николова од кочанско Оризари исчезнало вчера, околу 8 часот. Семејството бара помош, а на терен се и полицијата како и граѓаните кои споделуваат масовно.

Откако ја немало и не са јавувала на мобилниот телефон, нејзините родители го повикале класниот раководител, бидејќи како што рекла ќе оди во училиштето да ги врати учебниците.

– Вчера требаше да и биде посебен ден односно и беше роденде, бевме, купивме се спрмивме дури и торта, утрото пошла навидум да ги враќа учебниците.

– Но не по тој пат што одиме туку по спротивниот, ја видела комшиката, со која се поздравила и и кажала дека ќе враќа учебници, вели таткото на исчезнатото девојче.

Од училиштето каде што учи СОУ ,,Гошо Викентиев,, се произнесе и директорот на истото Тони Велков, кој за ,,Телма,, изјави:

– Ниту еден од нејзините соученици вчера не биле во училиштето да ги вратат учебниците, бидејќи немало закажано такво нешто.

-Според податоците од класниот раководител, таа редовно се вклучувала на онлајн настава, но во второ полугодие ниту еднаш не одговарала усно, туку на сите прашања одговарала писмено, вели Тони Велков.

Полицијата интензивно трага по нејзе, посетила и неколку локации, таткото на Наташа додаде дека неможе да и се лоцира мобилниот телефон.

Семејството се надева дека таа ќе се пронајде и ќе се врати дома, како што се вели низ споделените апели таа носи очила, и е облечена во тренерки. За било каква информација поврзана со неа може да се обратите на 070 394 580 или 078 661 603.