Семејството Трајкови од Штип по 50 години живот со три деца сакаат да ги избркат од нивниот дом

  • By klaster1
  • јуни 8, 2021
  • 0
  • 3892 Прегледи

Тен зична беше состојбата денеска во населба Суитлак во Штип, откако по 50 години живот во куќа која со свои раци ја градат, денес се соочуваат со проблем односно, налог со кој треба да се иселат од истата, каде што имаше присутво на полициски службеници.

Господинот Кирче вели дека прeзел се што е во негова можност за да го откупи земјиштето од државата но истиот процес му бил стопиран.

-Еве имам документ со кој во 1967 се докажува дека ја имам оваа куќа но подоцна при досредување на документите процесот целосно ми е стопиран со образложение дека просторот влегол во некој и проект.

Од тогаш голг отата не престанува за ова семејство, неколку пати биле на суд и го добивале спорот, но попусто бидејќи од 2004 па се до днес често им доваѓале со налог за да се иселат од куќата.

– 2004 година прв пат излаваме на суд, го добиваме спорот околу овој предмет, четири години подоцна 2008 повторно од Минстертво за Финансии

– Се вадат сите документи и тогаш и против нив го добиваме спорот. Три години подоцна повторно сме на суд поради парцелата, и повторно добиваме ние.

– Се обраќам подоцна во Министерство за Финансии тие ми велат дека соседното земјиште е доделено но не и куќата и дворот и еве повторно проблеми, вели Кирче за телевизија ,,М-нет,,

Утрово пред влезната врата на ова семејтво беа присутни изв ршител, полициски службеници како и преставници од социјалните служби.

По неколку часовно убедување и барање на компромиси, сите присутни службеници си заминаа, а на Трајче не му остана ништо друго освен јавно да му се обрати на премиерот Зоран Заев за помош.

– Барам помош, сакам ова да допре и до премиерот Зоран Заев, сакам да ме сослуша, јас на 60 години да ги доживувам овие работи, ова го нема во ниту една друга земја, вели огорчен Трајче.