Семејството Рајчиноски од струшко со празна трпеза за Велигден и со кредити за лекување на децата

  • By klaster1
  • мај 3, 2021
  • 0
  • 2139 Прегледи

Празна е семејната трпеза на семејството Рајчиноски од струшкото Мислешево. Живеат со една минимална плата и кредити за лекување на болните деца.

Секој ден водат бор ба, за тоа како да се преживее, а детските желби се скормни, сонуваат за тоа што и е непоходно, облека лекарства и храна.

Битката со сиромаштијата и бо лестите се исцрпувачки, раскажува таткото Илче.

-Немаме ништо за Велигденската трпеза, живееме многу тешко, блокирана ми е сметката. Земам плата 16 илјади денари, која целата ми е во кредит и извршители.

Неговата ќерка Дукадинка е првото дете во Македонија на кое пред 10 години му е извршена трансплантација на бубрег. Таа денес е жива благодарение на нејзината мајка која и го подарила бубрегот.

-Се чуствувам одлично, и кога одам на доктор тој вели дека се е добро, вели ќерката Дукадинка

Синот пак има психолошки проблеми, во два наврати ја зап алил куќата, а не сакале да го лекуваат во детска психијатрија во Скопје.

Надежта на ова семејство им е во хуманите граѓани кој ги помагаат, но и во државата која треба да им обезбеди постојана помош за лекување на децата.