Селски имот на кој можете да дојдете да работите, молзете крави или берете овојше и сето тоа да си го понесете дома

  • By klaster1
  • јули 2, 2021
  • 0
  • 3197 Прегледи

Последната година, поради пандемијата, селата заживеаја. Стравот од можна зараза или изолација натера многумина да побегната на село.

Луѓето заминуваат на село на релаксација, а некој пак одат и работат таму, и ја обработуваат земјата, која им дава непроценливи продукти.

Сепак, дури и оние кои немаат можност да ги почувствуваат привлечностите на животот на село, сега имаат можност да видат како се собираат малини, се рони пченка, се сее брашно, се одгледува добиток и молзи крави.

За оваа идеја е одговорно семејството Павловиќ од селото Котраша во Драгашево, во чие домаќинство гостите се чувствуваат како дома.

Домакинот Милош Павловиќ открива дека има се повеќе заинтересирани гости од странство, но и од поголемите градови во Србија.

„Ние ги запознаваме со традиционалното производство, на пример како да сее пченка, како да се меле, да се молзат крави, и конечно како да се направи проја од пченкарно брашно.

Исто така, гостите сакаат да видат како се собираат малини и им дозволуваме да берат колку им треба за да да произведат сок, џем или слатко за да готват и за да си го понесат дома “, објаснува тој.

Покрај тоа, гостите можат да молзат крави и да го следат процесот на производство на сирење и други млечни производи.

Посетителите доколку сакаат можат да копаат компири, односно да ги извадат и истите да си ги понесат, во одреденда количина.

После тоа, сите можат да уживаат заедно во кујната во Драгашево, каде што сè е на масата домашно: крофни, пршута, гибаница, џем од кајсија, ајвар, компири варени …

Ова е еден голем мотив за луѓето да побегнат од секојдневието, да видат како е на село, да поработат, да видат колку е макотрпно, а истото после слатко да го ручаат.