Секоја чест: Дедо Павле заигра фудбал за матичниот клуб и во десеттата деценија од животот

  • By klaster1
  • јуни 29, 2021
  • 0
  • 718 Прегледи

Клубот Граничар од Велики Извор кај Зајечар опстојува во фудбалскиот свет осум и пол децении и затоа беше важно за сите во ова село да го одбележат јубилејот како што треба.

Најстариот играч, Павле Николиќ, кој влезе во десеттата деценија од својот живот, ја имаше честа да го зададе првиот удар.

Безвременскиот дедо се потсети за времето во неговата фудбалска младост, позицијата на левото крило на кое играше и неописливото чувство кога ќе го одведе својот клуб до победата.

„Колку погодоци постигнав играјки за овој клуб, неможат ниту да се избројат, вели дедо Павле, кој цела своја кариера ја минал во овој клуб.

,, Прекрасни години беа тоа, фудбалот бесе на прво место, тоа е првата љубов, бевме исполнети и радосни едвај го чекавме следниот тренинг а камоли натпревар, вели дедо Павле.

,, Чуството да сутирас после толку време е неописливо, самиод допир со топката, веднас те враќа не едно убаво време, вевли Николик.

На љубилејот му се придружија гости од братскиот клуб Дабље, а по дефилето се одиграа пријателски натпревари меѓу ветерани и играчи кои денес ги бранат боите на клубот.

Ова беше можност за локалното население од оваа област да се пофали со ваква организација и ваков натпревар, и да го одбележат роденденот на клубот.

„Во Велики Извор и Дабље се негува дијалект, што е веројатно мешавина од разни јазици на предците овде кои се преселиле и собрале некои дијалекти, и тој е препознатлив само за оваа област“, ​​вели локалниот жител Александар Јаковлевиќ.