Сашо Тасевски: Мора да ви кажам нешто – влегува Груевски, плати илјада евра и си замина

  • By admin
  • јуни 27, 2021
  • 0
  • 29946 Прегледи

Актерот Сашо Тасевски кој важи за човек кој говори без влакна на јазикот повторно на својот профил на фејсбук сподели статус во кој вели:

Стварно сум во ш ок од фотката каде се гледа дека премиерот не ја знае азбуката, па меша кирилица и латиница ко некој со незавршено основно вечерно школо.

Морам да ви кажам нешто.Беше 2000 година. Имав девојка работеше во Табернакул. Бев да ја видам. Седевме и влегуваат петорица рмпајлии и Груевски, во тоа време министер за финансии. Почнува да бира книги. Оваа, оваа, оваа… Две големи кутии полни до врв. Плати 60 илјади денари за книгите.

Девет години подоцна, моја книга, се продаваше во Матица, бев да потпишувам. Влегува Груевски со десет рмпајлии. Тогаш е веќе премиер. И почнува, оваа, оваа, оваа… Ги разгледува и бира. Цел саат. Наполни три кутии. Плати преку илјада евра и си замина.

И тоа внимавајте. Груевски не е врвен интелектуалец и ум.

Вака или онака сакаше книги. Тоа да. И даваше милиони евра за преводи и печатење. Овој сегашниов азбуката не ја знае!!!
А, за тоа дали сака да чита, не би коментирал. Еј премиер!!!

Пред некој ден стоти пат ги гледав интервјуата на Путин со Оливер Стоун.Фасцинира со своето широко знаење од многу области. Самиот Стоун е фасциниран од него, колку знае. Фасциниран е без да глуми. По начинот како го слуша, тоа се гледа.

Ст рашно образуван човек, обучуван со години, опитен, мудар. А каков да биде кога ја има улогата на руски цар. Сепак работел многу на себе за еден ден да и дорасне.

А јас и понатаму блеам во онаа срамна фотка, на којашто оној кој е на чело на мојата држава, не си ја знае азбуката. Уж ас над уж асите.

Деца треба да му довериме нему и на образовниот систем кој тој дибидус неписмен го гради. Нашата иднина е во рацете на неписмен човек.