Сашко Николов: За себе можам да кажам дека сум еден од најлошите градоначалници

  • By admin
  • јуни 7, 2021
  • 0
  • 241 Прегледи

Актуелниот градоначалник на Штип, Сашко Николов како што е познато по професија е интервентен кардиолог од Штипската болница.

Сашко како пратеник бил член во Комисија за надворешна политика, и член во Комисија за здравство. А за својата работа тој вели дека му претставува задоволство и секојдневно уживање.

Во емисијата „Г-Карпер” Николов зборуваше отворено на низа теми и прритоа откривме и една друга страна на младиот градоначалник на Штип.

„Периодот во кој ја учев кардиологијата беше еден напорен период. Поминував по 15 – 16 саати во болница. Тој период беше и многу убав. Јас уживав во работата а слободното време го трошев по дискотеки, кафeтерии и шетање. Мене најубав период од животот ми се студентските денови.”

„Штип во последниве години заживеа, а особено со отворањето на универзитетот „Гоце Делчев”. Освен пастрмајлијата, Штип има многу други занимливости кои треба да се видат. Има преубава конфекција, интересен ноќен живот и т.н. Јас, како штипјанец, не смеам да се облекувам во ништо што не е произведено во Штип.”

Сашко Николов освен што е одличен кардиолог и политичар, тој е и каратист. Со каратето се бавел професионално 14 години. Со неговиот карате – клуб „Македонка” бил првак во сите категории.

„Наброј тројца градоначалници кои се подобри од тебе?”

„Број 1 е Шилегов, растура. Митко Јанчев, шампион, вреден и успешен градоначалник. Перо Костадинов ама сакав да ишарам низ Македонија, но сите градоначалници се добри.

Да тргнете низ Македонија ќе го забележите тоа. Градоначалникот на Чешиново е одличен, Куманово – Максим, одлични градоначалници. Јас во светот на градоначалниците сум „гуштер”, само 6 месеци сум на оваа позиција.”

„За себе можам да кажам дека сум еден од најлошите градоначалници. Тоа е така бидејќи тоа што си го имам замислено за мојата општина уште го немам остварено.

Верувам дека сите други, во своите мандати од 3 – 4 години, оствариле голем дел од нивните замисли. Јас уште немам остварено ниту 20% од мојата замисла…

Јас кога дојдов како градоначалник не бев задоволен од хигиената, го средивме тоа па почнавме со уредување на парковите. Но, што се случува? Нашите граѓани ги крадат цвеќињата, ги крадат камењата кои ги поставуваме како украси, ги кршат канделабрите…”

Апелира за подигање на свеста кај граѓаните за чување на природата и својот град. За себе вели дека дома е слика, по него се вика а тој си молчи. Слика има, тон нема.

За себе вели дека е Супермен уште пред да стане градоначалник. „Да се биде интервентен кардиолог е еднакво на Супермен. Одговорот на прашањето – која е разликата помеѓу Господ и Доктор? е – Господ е интервентен кардиолог.”