Само во Македонија: Во Скопје 16 семејства во целост ги исплатиле становите, а може да остана без нив

  • By admin
  • април 29, 2021
  • 0
  • 4441 Прегледи

Шеснаесеттина фамилии доведени во ситуација да останат без своите станови. Во таква ситуација навлегле откако претходно уплатиле за становите на фирмата „Урбан Инвест“ која изградила зграда во скопската населба Влае.

Станарите велат дека подигнале кредити и дел од сопствената заштета ја инвестирале за да имаат сопствено живеалиште. Откако ја уплатиле сумата за становите почнале да се вселуваат – но во моментот тврдат дека се соочуват од опа сност да останат без живеалиште поради како што велат несовесното работење на фирмата „Урбан инвест“ која во моментот е влезена во стечајна постапка поради долгови кон трети страни.

Станарите се доведени во ситуација да си ја докажуваат својата сопственост на суд, дел од нив веќе има имаат и правосилна пресуда за сопственост, но врз имотниот лист имаат извршители.

Стравуваат дека доколку фирмата „Урбан инвест“ не си ги подмири долговите кон доверителите нивните станови ќе се најдат на продажба.

„Мојата ситуација конкретно е, јас добив правосилна пресуда за стан за којшто имам потпишано договор уште во 2014-та година. Имам добиено сега правосилна пресуда за сопственост меѓутоа врз мојот имотен лист имам извршители.

Така што во ри зик сум ставена јас, моите деца – сите мои соседи со фамилиите и со децата за нешто што е исплатено навреме, коректно и бараме поддршка од институциите и државата за целата оваа ситуација да се најде за да не испадне уште еден „Фиком“. – вели Бојана Мирковска, станарка во зградата на „Урбан инвест“.

Зошто луѓето коишто купиле станови се оставени без имотни листови побаравме став од Јован Грков, сопственик и основач на фирма „Урбан Инвест“.

„Значи тие преку судска постапка исто може да си докажуваат. Јас на сите и имам кажано дека, луѓе правете судски постапки. Ниеден од нив не направи судска постапка.

Таков е законот – сега јас не можам надвор од тоа. Не ги спровеле навреме договорите. Значи кога му го давам јас договорот тие треба во Град Скопје да си платат данок на промет. Јас сум им ги пратил навреме договорите.“ – тврди Јован Грков, сопственик на фирмата „Урбан инвест“ – Кавадарци.

Спротивно на Јован Грков, адвокатот на дел од станарите, Симон Попевски тврди дека по потпишување на купопродажните договори, фирмата „Урбан инвест“ 4 месеци ги држела договорите во нивната фиока со образложение дека вработените во „Урбан инвест“ ќе ги достават во Град Скопје.

„По упишување на налозите за извршување во 2019-та година, трети месец, од страна на Урбан инвест бевме контактирани договорите за купопродажба да одиме да си ги земеме и да ги спроведеме сами во даночно одделение.

Од моја страна беше постапено договорите беа спроведени во Сектор за финанси и даночно одделение при Град Скопје. Беше уплатен данокот од страна на моите клиенти меѓутоа не можевме да направиме заверка на договорот на нотар затоа што на самиот имотен лист, на сите станови на оваа зграда веќе се упишани 5 налози за извршување од 5 различни извршители за долг којшто Урбан инвест го има спрема други доверители.“ – вели, Симон Попевски, адвокатот на дел од станарите во зградата на фирмата „Урбан инвест“.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ24