Самохраниот татко Зоран: Порано компјутерот се сметаше за луксуз, сега ако не знаеш да го користиш си неписмен

  • By klaster2
  • мај 31, 2022
  • 0
  • 78 Views

Зоран Тутуновиќ, самохран татко на четири деца, живее во селото Рајац во Чачак. Воспитува четворица основци и се бо ри ништо да не му недостига.

Сè што порано беше луксуз во образованието, денес е неопходност. Ако децата денес немаат компјутер, се сметаат за неписмени, смета Зоран

И посочува дека особено му е тежок периодот кога се менува училишната програма, па помалите деца не можат да ги користат книгите на постарите браќа и сестри.

Иако живее тешко, Зоран тврди дека многудетното семејство има многу предности, за кои зборуваше во емисијата „150 минути“.

За тоа сведочеа и неговите деца. Тој има тешка животна судбина, но тоа не го српечува да се справува со соите препреки што му излегуваат.

– Се надевам дека тоа што го вложувам во децата за 10 или 15 години ќе се исплати и тие ќе станат луѓе на место и добро ситуирани.

– Потребно е многу за да се обезбеди на децата, тоа се ситници но сепак кога ќе се собере излегува многу, вели Зоран за ,,150 минути”

– Понапред тој што не знаеше да пишува и да се потпишува се сметаше за неписмен, но сега тој што не знае да работи на компјутер и слични уреди е неписмен.

– Тоа што сме многу деца е голема предност за мене, си помагаме еден на друг, јас помагам на полата сестра а мене ми помага поголемата, вели една од керките Ангелина.

– Децата си помагаат еден на друг, денешните родители можеби поради тоа што немаат време ги праќаат децата на часови и не работата сами со нив но тоа е најбитно, вели Зоран.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *