Самохраниот татко Златко од крушевско: Ќерката треба да оди на училиште но немам пари да и дадам да стави нешто во стомачето

  • By klaster1
  • јули 5, 2021
  • 0
  • 6311 Прегледи

Животот за самохран родител е многу тежок, особено кога треба децата да се изведат на прав пат, да се обезбеди храна, и да се мисли како да се помине денот.

Таква судбина има и Златко Ристески од крушевско Врбовец, кој е самохран татко на две деца, укината му е социјалната помош и е во многу лоша ситуација.

Иако момче од село 40 годишниот Златко не очекувал дека животот ќе му зададе толку удари, и мислејќи дека раните од детството ќе ги залечи во брачните води се разочарува.

-Имав сиромашно детство, работевме исклучиво земјоделие, напорно навситина, го изгубив татко ми доста рано, на млади години.

– Потоа живеев со дедо ми, но по кратко период и тој замина од овој свет. 2005 решавам да се оженам и да создадам семејство.

– Направивме се како што е адетот и свадби и веселби, ни одеше добро на почетокот, од бракот ги имам двете дечиња Стефани и Марко.

– Потоа започнаа и проблемите, несогласувања и караници, таа имаше проблем со пиењето, и се тресеа раците кога ги држеше децата.

– Јас работев како чувар, а таа со децата незнам и што и правела, без мене, сега таа е премажена во Прилеп, јас не и бранам на децата да ја видуваат, но и тие не сакаат.

Најголема е бол ката кога ги гледаш твоите деца како растат а неможеш да им овзможеш добар живот, да ти потражат нешто а да немаш да им го дадеш.

– Ми го укинаа социјалното поради тоа што наводно имам земјиште од 530 квадрати, а излегол закон дека можам да имам до 500 квадрати.

– Со тоа автоматски ми ги укинаа и сите примања, и дечки примања, и сега како јас да ги образувам децата, нема никакви примања, вели 40 годишниот Златко.

– Одам во соседното село имам еден братучед кај него работам, земјоделие копаме се мачиме да извадиме илјада денари, да се прехраниме.

– Но сега е сезоната има работа ќе те повикнат, но потоа што, навистина незнам како ќе продолжиме, вели овој напатен самохран татко.

– Во многу лоша ситуација е, еве јас ако треба нема да јадам, од устата ќе си одвојам, ама за нив да има, гледат лубеница им се пријало, мора да купиш, а тоа дете незнае дека татко му нема, вели бабата Соња.

– Тој кутриот се мачи до мрак, и по две работи ако треба оди, само да дојде и да ги прехрани, јас помагам колку можам но и јас немам, имам години но немам стаж и неможам да отидам во пензија, не е сјајна ситуацијата ниту кај мене.

– Работам по цел ден, немам време многу да им готвам, впрочем подготвувам нешто но, чорби такви работи незнам да правам, им давам храна некоја што не е квалитетна.

– Знам дека не е квалитетна но нема избор тоа е, еве пералната ја исплатив од скоро, долго време ја исплаќав, ја вклучувам нејзе.

– За облека такви работи, добивам, неможам да се пожалам, но ова со социјалното е навистина жално, самохран родител со две деца да нема социјално.

– Еве ќерката сега ќе биде 9 то одделение, но незнам дали ќе појде. Треба да и дадам ако не друго барем 100 денари, за храна, вели Ристески.

– Помалиот пак со него е уште потешко, сега ја учам ќерката таа да го облекува да го средува, сеуште јас го бањам, навистина тешко.

– Тие дечиња немаат добро видено во животот, се израснати на улица, кој ќе им даде корка леб, имаа лоши сцени видено, од мајка си и имаат уплав, додава бабата.

– Најтешко ми е кога ќе седнам и ќе мислам што понатаму, како да го поминам денот, и што ме чека, исто така и социјалното и тој проблем ми тежнее на глава, заклучува Златко.