Самохрана мајка Марина од Прилеп: Ми требаат околу 9.000 евра за да се вратам на нормален живот

  • By admin
  • јули 3, 2021
  • 0
  • 10640 Прегледи

Самохрана мајка, 39 годишната Марина Гулевска од Прилеп ја делат уште само околу 9.000 евра за да може да и се врати 80% од нормалното функционирање на левата рака и нога.

Пред 12 години имала кр варење во мозокот по што целата нејзина лева страна од телото и останала пара лизирана.

Во март оваа година беше на роботна терапија во една клиника во Ниш, соседна Србија, но потребен е уште еден третман за да се постигне саканиот ефект. И тогаш собираше средства преку донации на хумани луѓе и компании.

„Не газев воопшто на левата нога, сега газам, ја виткам ногата, за да биди подобрувањето 80% како што ми ветија од клиниката треба да одам повторно. Првиот пат не ги дособрав сите потребни средства, останав таму колку што имав собрано парични средства“, истакна Марина.

Гулевска во моментов ги користи сите законски издатоци што и следуваат од државата за да може да преживее.

Но тие не се доволно и за да може да издвои пари за лекувањето, поради болеста не е работоспособна. Затоа моли за помош кај добронамернии луѓе и компании.

„Со овие парични средства што ги добивам од државата како помош тешко да соберам 9.000 евра. Затоа ги молам сите хумани луѓе, мојата судбина е во нивни раце“, додаде Гулевска.

Доколку некој сака да донира за Марина Гулевска тоа може да го направи на жиро сметката која ја гледате: 210700000661579 НЛБ Тутунска банка или да донирате по 100 денари за корисниците на А1 на 143-479 или да ја исконтактирате на нејзиниот приватен број 075-358-087.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Сител ТВ.