Самохраната мајка Снежана во најтешките моменти останала без работа: Ќерката ми вели мамо сега ќе имаш ли пари да ми купиш нешто

  • By klaster1
  • јуни 9, 2021
  • 0
  • 2582 Прегледи

33 годишната Снежана Тасова од Богданци работела од свои 18 години по конфекции, и печалела за леб, но на подмолен начин била избркана заедно со своите колешки.

– Бев кај мојот газда и му кажав дека сум во тек на развод на бракот и дека ми е потребна работа за да не ги изгубам децата.

– Тој ми вети дека нема да ме избрка од работа, но се случи спортивното , ме избрка од работа и тоа на многу лош начин.

-Бев закачена на врата, на лист со список со мое име но имиња и на мои други 70 колешки кои ги избркаа, вели Снежана за медиумот ,,Види Вака,,

– Стануваш рано, цел ден шиеш гледаш да ја истераш нормата што ти е зададна, тешко е боли грб , болат раци но тоа е…

– Чуството е неугодно, цело време и турбо, мораш да ја исполниш нормата за да останеш на работа бидејќи незнаеш што те чека утре, дали ќе останеш или не.

– После напорниот ден си одиш дома, целата вкочанта, дома те чекаат деца кои си имаат свои барања, и ти треба да занемариш се што било на работата за да се посветиш на нив и да им ја дадеш целата љубов, вели Снежана.

– Ни беше објаснето дека ќе е прави трансформација само на фирмата, и дека ќе се префрлиме од една фирма во друга. Но тој истовремно изманипулира со нас и не ни кажа дека од неопределно време ќе преминеме во определно време.

– Тој не из мами, и не стави во определено време и со тоа може да е отпушти во кое ило време, кога тој ќе посака.

– Сето тоа неможеш да го скриеш од најблиските, сето тоа го чуствуваат и најблиските, еве синот е мал уште не разбира но ќеркичката се чуствува и разбира што како е. И првиот пат откако ме отпуштија, таа ми вели ,, сега ќе имаш ли пари да ми купиш нешто,,

– Во истиот момент кога не отпуштија ние се обративме во синдикатот и тие ни излегоа во пресрет, ние сме многу благодарни на нив, а процедуа сеуште си врви со Синдикатот, разговаравме и ја образложивме ситуацијата.

Инаку договорт за вработување може да се склучи на опредлено време за вршење на исти работи о прекин или без прекин 5 години. Работниот однос на определено време се трансформира на неопределено време ако работникот продолжи да работи по истекот на рокот од 5 години

Снежана Тасова моментално е регионален секретар на ССМ( Сојуз на синдикати на Македонија) во Гевгелија и работи во унапредување на работничкит права во југоисточниот регион.

– Кај нас во нашата држава е лошо оа што секогаш работодавачот праведен а работникот е крив со некои други работи, на работодавецот не му е важно како се чуствува работникот, тој и ги гледа своите интереси.