Рустем од штипско со сопругата немаат каде да се капат, ниту пари да се прехранат: Живеат во напуштена барак

  • By klaster2
  • јануари 9, 2022
  • 0
  • 596 Views

Рустем и Шехерезад од штипска Лакавица до пред неколку години биле среќни и здрави, но денес се им е променето од корен.

Живеат во напуштена баракa, гладуваат и здравјето не им е најдобро, тие се заедно 25 години, но животот им задал многу уд ари.

– Бев во Црна Гора како сезонски работници но ги намалија платите ситауцијата стана лоша и дојдовме овде, но од тогаш ништо не ни оди во животот, вели Рустем

– Имавме добра живеачка до пред некое време, кога бевме млади и способни за работа, излегувавме и немавме толку грижи но сега се се промени, вели Шехерезад.

– Го имаме синот Емре, ја имаме љубовта, но финансиски и здраствено сме голема нула, купи ден помини ете така ние живееме додава Рустем.

– Се задолжувам во локалната продавница, земаме некој минимални примања кој едвај стигаат за памперси и лекови, вели Рустем пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Штом можам ќе зготвам но не е еден ден, ние сме биле и пет дена без храна, често барам од соседите зелка или грав да зготвам.

– Не спијам мирно ноќе, незнам како би продолжил понатаму, се задолжувам, немам постојана работа на сопругата морам да и обезбедам се што и е потребно.

– Кровот не е стабилен може да падне во секој момент, за вода едвај се снабдуваме. Ми треба рака за спас, но од никаде ја нема.

Ова семејство не било од секогаш во ваква систуација, тие работеле во странство. Но имале и своја фирма за водоводни елементи.

Бизнис кој не му одел а сега нема ниту 1800 денари да ја затвори фирмата со која би се пријавил за примања. Немат ниту бања.

– Јас ќе се искапам во бањата на неколку пати во годината, но сопругата само се брише со влажна марамица, повеќе од тоа неможеме.

– Покрај ситуацијата во која сме уште поголема бо лка ми е синот, кој направи голема грешка во животот и сега е во дом за малолетници.

– Лошото друштво си го направи своето тој подлегна на некој игри, но се надевам за скоро дека ќе излезе и ќе биде покрај мене.

Сите кои сакате да помогнете на ова семејство, тоа можете да го направите на следната трансакциска сметка 320500030364473 или на телефонскиот број 076/600243

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *