Ристе од штипско заврши во полиција откако остана без куќа, па посегнал по доверитело

  • By klaster1
  • јули 20, 2021
  • 0
  • 4801 Прегледи

Животна го лгота на Ристе Бањоглав започнува пред неколку години, отакако по исплатена милионска сума пари Бањоглав пред некој ден повторно се соочи со стара слика, налог да се исели од неговиот дом, во кој тој живее со неговата мајка, сопруга и две малолетни деца.

Овој пат се случи тоа што му се готвеше на Ристе Бањоглав изминатиов период, сомнежите се претворија во јаве, тој официјално остана на улица.

По серијата апсење на него и неговата мајка, и стре сни ситуации, ситуацијата го доживеа својот врв, и неговото семејство и добиток заминаа во рацете на државата.

По повеќе месечната бит ка, тие изгубија буквално се, од денеска во катастарот куќата и земјиштето повеќе не се на име на мајка му Рајна туку стои името на доверителот.

Семејството Бањоглави останало најпрво без пари, околу 20 илјади евра, потоа им е одземено и возилото, а на крај и целиот имот што го поседуваат.

Според информациите од адвокатот првичниот долг бил околу 600 илјади денари, а додека траела извршната постапка семејството на сметка на извршителот уплатило 1 140 000 денари, а за адвокатот спорен е и договорот за залог, велат од ,,Телевизија 24,,

На крајот за да си ја врати куќата назад Ристе, требало да плати уште 130 илјади денари, но неговата понуда да плаќа на рати била одбиена.

Имотот оди на нова 18-та по ред лицитација, кој ја купува доверителот, кој сега на Бањоглав му бара 30 илјади евра ако си го сака домот назад.

– Ние никогаш нема да се иселиме од тука, тука и ќе останеме, ние немаме друго место за живеење, ние не сме милионери, немаме ние уште 2 животи, ние да му даваме 30 илјади евра, вели Бањоглав.

Единствена шанса според адвокатот е обвинителствотот да ја разгледа пријавата за лих варство, што Бањоглав ја поднел пред неколку месеци.

– Доколку го добиеме тој спор околу пријавата за лих варство, извршната постапка ќе се стопира и ќе се стави по ревизија, а нотарскиот договор ќе се поништи, па така ќе има надеж за ова семејство.

Според адвокатот Ефремов, тој и неговиот клиент ќе одат до крај, бидејќи Ристе останал и без пари и без куќа.

А од вчера е и со пријава за на пад на доверителот по што заврши во полиција, а пријава за на пад на полицаец заработи и неговата 77 годишна мајка.