Ребека Јанковска-Ристески е позната македонска пејачка. Љубовта кон музиката ја има почувствувано многу рано, благодарение на нејзиниот татко Благоја.
Ребека е омажена со докторот Мики Јанковски со кого имаат три деца: Маркијан, роден во 2006 година, и близнаците Макариј и Доротеј, родени во 2013 година.
Таа е првата македонска пејачка која сними високобуџетен видео спот и со тоа ги помести границите во поп-музиката кај нас. Од нејзиниот прв хит „Обиди се“, до последниот албум „Мириса на сон“, Ребека Јанковска-Ристески вели дека многу се променила и поинаку гледа на животните вредности.
Најзаслужен за тоа е нејзиниот најстар син Маркијан , кој неа и нејзиниот сопруг, доктор Милан Ристески, ги научил дека љубовта кон своето дете може и планини да помести.
Ребека во јавноста е позната како жена мајка кралица. Покрај двете здрави близначиња, Ристески уште од самиот почеток е во бор ба со ретката бо лест на синот Маркијан.
Ребека беше гостинка во емисијата Шоу Магазин каде зборуваше малку повеќе за времето што го минува со нејзиното семејство, но и за тоа како се справува со бо леста на Маркијан.
„Многу работи се испреплетени, начинот на којшто ги гледам нештат што се случуваат со Маркијан во домот и она што ме крепи секако е верата наша. Се трудам да живеам побожно, богоугодно.
Во секој случај ако на некој му помага јогата, медитација, мене ми помага молитвата разговорот со мојот духовен отец, работата на себе, не дозволувам лошата мисла да ми се всади во срцето.
Тежок е навистина патот на растење на такво дете, меѓутоа доколку си поставите за цел дека животот може да биде и таков и морате да најдете позитивни нешта и во него и се градите себе.
Функционираме добро заедно, малите растат, Маркијан исто така и се навикнуваме едни на други. Близнаците имаат еден повисок степен на духовна зрелост во однос на останатите врсници“, изјави таа.
Како дел од емисијата е и разговор со пријател, па блиска личност на Ребека и постави прашање кога планира да напише книга посветена на нејзината вистинска животна приказна во која има искусено многу.
„Сме зборувале за книга, не знам, во секој случај можеби треба сериозно да размислам да го направам тоа затоа што имам што да кажам и верувам дека имам многу убави работи да им пренесам на луѓето.
во смисла да им го олеснам животот и она што сум го поминала на потежок начин да го поминат на полесен начин“, заклучува Ребека.