Размислувал да се откаже од фудбалот – а денес е еден од најдобрите македонски фудбалери

  • By admin
  • јуни 6, 2021
  • 0
  • 739 Прегледи

Македонската фудбалска селекција ќе биде еден од двата дебитанти на Европското првенство ова лето. Втората репрезентација е Финска, која исто така првпат игра на едно големо натпреварување.

Како и на Финците, и на македонските фудбалери им се дава мала шанса за изненадување на турнирот.

Во подготвителниот период нашиот национален тим одигра реми против Словенија со 1-1 и убедлива победа над Казахстан со резултат од 4-0.

Нашиот национален тим за Романија каде што ќе ги игра воведните два дуели од ЕП против Австрија и Украина, заминува веќе во вторник.

Еден од нашите најдобри фудбалери, Езгијан Алиоски важи за човек кој освен со своите фудбалски квалитети, располага и со големи човечки квалитети и често е задолжен да ја одржува атмосферата во нашиот национал тим.

Алиоски е роден во Прилеп но со неговото семејство од негови најмлади години се преселува во Швајцарија во потрага по подобар живот.

Популарниот Џани фудбалски расте во школата на Јанг Бојс. По трансферот во Шафхаузен и две успешни сезони, една цела година минува во неизвесност околу својата кариера. Откако неколку месеци во 2016 година останува без клуб размислува и да прекине со фудбалот.

Но, најзаслужниот за да не се откаже од фудбалот е чешкиот тренер Зденек Земан кој во јануари 2016 година го носи во Лугано. И од позиција лев бек, го прераспределува во нападот.

Џани се препородува. Во првите десет натпревари за новиот клуб постигнува седум гола а на 19. aприл 2017 постигнува и хет-трик во победата на Лугано над Сион.

„Два месеци бев без клуб. Во такви моменти почнувате да се прашувате дали ќе ви се исполнат соништата од детството. Немате клуб, немате каде да тренирате.

За среќа, тука е семејството. Родителите ми беа најголема поддршка, никогаш не побараа од мене да почнам да барам друга работа. Напротив, ми рекоа да продолжам да си го следам сонот.

И не се откажав, туку продолжив да сонувам еден ден да заиграм во мојата најпосакувана лига, Премиерлигата во Англија. И сега ете сум во Лидс во Премиерлигата.

Го живеам мојот сон, благодарение и на поддршката од моите родители. Токму поради тоа сакам и да им помогам финансиски, но тие не сакаат ни да чујат да земат пари од својот син.

Затоа, веднаш по трансферот во Лидс им купив прекрасен автомобил, ако можам барем малку да им искажам благодарност за се што направија за мене во животот“ – се потсетува Алиоски на дел од најзначајните моменти во својата кариера, пренесува Екипа.мк