Радосна вест за сите што се подготвуваат за одмор за Грција: Од утре големо олабавување на мерките

  • By admin
  • јуни 11, 2021
  • 0
  • 7715 Прегледи

Соседна Грција летово за многу наши граѓани ќе биде изборот на локацијата за годишниот одмор.

Иако во Грција сè уште важи обврската за носење маски, земјата полека ги олеснува епидемиолошките мерки.

Заменик министерот за цивилна заштита и управување со кризи, Никос Хардалис, најави дека новите мерки ќе стапат на 12 јуни.

Од сабота, на 12 јуни, музиката ќе биде дозволена во делови од угостителски објекти што се наменети за гости – рече Хардалис.

Времетраењето на полицискиот час во Грција исто така е скратено. Од сабота, на 12 јуни, полицискиот час ќе важи од 1:30 до 17 часот по локално време.

Хардалис, исто така, најави дека полицискиот час најверојатно ќе биде укинат од 1 јули, ако моменталната епидемиолошка состојба го дозволи тоа.

За време на прес-конференцијата беа најавени други мерки, но тие главно беа насочени кон локалното население.

„Многу добро знаеме дека секоја наша небрежност може да биде фатална за многу други. Но, ние исто така многу добро знаеме како можеме да се справиме со тоа, како да се заштитиме себе си и сè што е околу нас.

Набудувајќи ги санитарните мерки и протоколи, кои се наш штит уште од првиот ден на пандемијата, преку програмата за вакцинација и создавањето колективен имунитет, ќе можеме да ја оставиме зад себе оваа состојба“, додаде Хардалис.