Работата по цел ден и на 40 степени под отворено сонце – пауза само за доручек

  • By klaster1
  • јули 28, 2021
  • 0
  • 1765 Прегледи

Деновиве минуваме низ топлотен бран, кој навистина исцрпува, темепратури кои го надминуваат и 40 степени, да седиш и во затворено е неиздржливо, а камоли на отворено.

Работниците кои работата на отворено се први на удар, а особено градежниците, кои на овие температури, се надвор, а таа работа бара доста издржливост.

И покрај препораките од лекарите и другите стручни лица, тие се приморани да работат и немаат никаква заштита, при овие температури, освен неколкуте паузи, што некој пат се сведени и на минимум.

Градежните активности во соседна Србија, односно Чачак се во забрзан ред, градежниците работат турбо, работодавците не ги интересира жештината, тие сакаат да се заврши градбата или корекцијата.

Работниците на реконструкција на тротоарите не запреа и покрај високите температури. Овие вредни луѓе се печат на 40 степени секој ден без засолниште од топлината, па дури и жешкото ветре доаѓа како освежување.

– Работиме цел ден, мора да работиме. Започнуваме во седум наутро, и правиме пауза околу десет и половина за појадок, а потоа правиме паузи 10-15 минути.

– Што ќе правам, треба да заработам за леб, кога ќе заминам дома на тие дечиња што да им кажам, морам да издржам немам друг избор – вели еден од работниците за ,,Курир,,

– Исцрпувачко е, стануваш рано наутро, првите саат-два ајде се издржува некако, но потоа, незнам навистина како понатаму, но мора да издржиме, потребни се пари.

Работата на градилиште бара голема издржливост и сила, што на овие луѓе не им недостасува. Правењето на тротоари е една од најтешкиот дел од работата.

Да не зборуваме пак за качувањето на височини, и градба на куќи, згради и слични објекти, изложени директно на сонце, кое подоцна ќе се одрази на здравјето.