Професорот Петрит: Македонија по примерот на Турција и Хрватска да ги врати иселениците дома

  • By admin
  • мај 8, 2022
  • 0
  • 382 Views

Македонската држава мора да изработи квалитетна програма и да донесе соодветни политика, за да овозможи намалување на миграцијата и враќање на дијаспората, вели професорот по макроекономија, Петрит Положани.

Според него веќе не е само економскиот фактор причина за масовното иселување од државата, туку и актуелните општествено политички текови во државата, како што се вработувањата по партиски клуч.

Според последниот попис, за две децении, за 9,2% се намалил бројот на население во Северна Македонијa.

„Македонија има 6500 долари „џдп“ по глава на жител. Значи некаде осум пати помалку од Германија и Австрија. Некаде 13-14 пати помалку од Швајцарија. И, нормално луѓето бараат подобар живот“, вели Петрит Положани, универзитетски професор по макроекономија.

Економскиот фактор е се уште главната причина, за масовната миграција од државата, вели за Глас на Америка, професорот по макроекономија на Државниот универзитет во Тетово, Петрит Положани.

Но се поголема причина за тоа вели стануваат и актуелните општествено политички текови во државата, како што се вработувањата по партиски клуч.

За две децении, за 9,2% се намалил бројот на население во Северна Македонијa или за околу 185000 жители. Во земјава според последниот попис живеат 1.836.713 граѓани, додека надвор од неја 260.606 лица.

„Оваа бројка според Светска банка е некаде околу 600 илјади. Прво пописот ќе беше по реален, ако немаше прекин. Минатата година во април имаше прекин на пописот и кога имаше замав за запишување на дијапсората тогаш се прекина“, Петрит Положани, универзитетски професор по макроекономија.

Поголем дел од македонските општини останале без добар дел од своето населене. Најкр итична е состојбата во помалите, како Центар Жупа и Маврово Ростуше, кои изгубиле околу 42% од жителите, но и Кичево со речиси 31%.

„Што значи дека сега не само што имаме миграција, туку имаме и негативен природен прираст. Оваа година според пописот имаме -2711“, вели Петрит Положани, универзитетски професор по макроекономија.

Овие податоци треба да бидат ала рм за државата и нејзините институции, за изработка на квалитетна програма и носење соодветни политики за намалување на миграцијата и враќање на дијаспората, вели професорот.

„Државата мора да припреми план, мора да припреми проект кој ќе опфаќа една широка лепеза на мерки, со кои треба да има олеснување и од монетарен аспект и од фискална политика и да се стимулира, парите однадвор да доаѓаат овде да се инвестираат.

Ние полни придонеси даваме за странски инвестиции. Полни привилегии, а во иста мера може да се припреми една програма, да се стимулираат тие од странство да инвестираат овде, да се вратат дома“, коментира Петрит Положани, универзитетски професор по макроекономија.

Тој како позитвен пример ја посочува Турција, која во 2012-та година, отворила специјална програма за емигрантите Турци.

Но и Хрватска која дава по 26.000 евра, за секој граѓанин кој ќе се врати дома.

„И познат е турскиот картон, со кој сите граѓани од Турција, кои емигрирале, може да се вратат во Турција и да инвестираат, рамноправно со сите други турски граѓани.

И со тоа Турција имаше еден силен развој од 2001- 2007 година, развојот се движеше 7%“, коментира Петрит Положани, универзитетски професор по макро економија.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Глас на Америка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *