Проработе хуманоста на граѓаните: Столе од Штип доби нов лаптоп а ке оди и на летување во Охрид

  • By klaster1
  • јуни 19, 2021
  • 0
  • 1644 Прегледи

Столе од Штип, момче кое поради ковид пандемијата не отиде на училиште во Скопје, и кое следеше настава преку мобилен телефон, деновиве благодарение на хуманите граѓани доби лаптоп.

На лаптоп настава следеше неговата сестра која одеше во 4то оделение, а неговата мајка не беше во можност да обезбеди уште еден лаптоп.

– Мојот син го доби тоа најмногу што го посакуваше, сега тој може да ја следи наставата преку програмата ,,Микрософт Тимс,,

– Тој истотака доби и други работи покрај лаптопот кој ќе му послужат на мојот син за да му го олеснат животот, истотака сакам и од негово име да се заблагодарам на сите кој помогнаа, вели неговата мајка.

Столе заедно со неговото семејство ќе замине на летување за Охрид кон средината на Јули, тој досега поминувал низ Охрид, но ниту еднаш не бил во него, а тој ќе има можност да доживее нови искуства.

– Една девојка реши да ни овозможи да отидеме до Охрид една недела, тоа ќе биде едно големо доживување за Столе, многу сум благодарна, тој до сега немаше отидено таму, вели неговата мајка Славица за ,,М- нет,, телевизија.

Столе е дете со попрченост и дете кој бара посебен третман, и досега не бил во можност да патува многу. Неговата мајка Славица пак поради здратсвени проблеми истотака нема постојана работа, а истата и е многу неопходна.

– Јас константно барам работа, еве немора и да е по струката, или пак да е поврзано со образование, литература и слично.

-Бидејќи неможам да работам многу физичка работа, поради бол ките во ногата и неможам да стојам или седам предолго, а рботата во конфекција тоа го бара.

Семејството Аневи не ја губи вербата и се надеваат дека животот ќе им биде многу подобар и ќе можат да застанат на уште поздрави нози.