Пристигна уште една убава најава – „Визер“ обновува нови дестинации од и до Македонија

  • By admin
  • јуни 5, 2021
  • 0
  • 2891 Прегледи

Поради ситуацијата со вирусот која го обиколи светот во 2020 а сѐуште трае ги запре летовите кон одредени земји, сепак полека летовите се враќаат во нормала.

На 23 мај се случи и првиот обновен лет, а од нискобуџетната компанија Визер соопштија дека повторно „оживуваат“ седум рути . Повторно од македонските аеродроми ќе може да се лета до Франција, Германија, Австрија и Шведска.

Менаџерот за корпоративни комуникации во Визер Андрас Радо е среќен што рутите преку Македонија повторно се отвораат и вели дека на овој начин Визер ја покажува посветеноста на патниците да им понуди безбедно патување низ Европа и пошироко.

Базел-Мулхаус-Фрајбург, Виена, Карлсруе/ Баден-Баден , Париз Бове, , Фридрихшафен, Дортмунд, и Малме се рутите со кои Визер повторно ја поврзува нашата земја.

Како што е познато македонските граѓани во иднина со директен лет од Скопје ќе можат да патуваат во Москва со авионска карта која чини 125 евра.

Воздухоплов од типот Боинг 737-800, со капацитет од 189 седишта, пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје со што и официјално е воспоставена директната нова редовна линија Москва – Скопје на која сообраќа руската авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс”.

Летот трае 3 часа и 25 минути. Засега ќе може да се патува со оваа линија само еднаш неделно – во петок, но „Нордвинд” планира да воведе уште дополнителни два лета од Москва до Скопје.

Возобновување на прекинатите линии до европските градови.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Министерот за транспорт Благоја Бочварски најави дека многу скоро и авиокомпанијата „Визер“ повторно ќе почне со оперирање на дестинациите кои беа прекинати поради пандемијата со ковид-19.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Според него, најавени се летовите до Барселона, Малта, Ларнака, Париз, Осло, Милано, Тревизо и Рим.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

„Очекувам дека со постепеното олабавување на мерките од ковид-пандемијата како во земјава, така и во другите држави во кои имаме воспоставено летови, наскоро ќе го вратиме авиосообраќајот на ниво на кое беше изминатите години кога бележевме рекорден број превезени патници на домашните аеродроми“,рече министерот.