Прилепчанецот Пецо: Порано од тутун се правеле и куќи и свадби, а сега само 3.000 – 5.000 евра што е ништо

  • By admin
  • јули 22, 2021
  • 0
  • 3047 Прегледи

Времињата се сменија, но големата тутунарска мака си остана, оти не е соодветно вреднувана“. Вака ја започнува својата приказна, 60-годишниот прилепчанец Пецо Јандрески, кој целиот свој живот е тутунопроизводител.

Крајно е разо чаран од актуелното обезвреднување на трудот на македонскиот земјоделец, па со видна носталгија се присетува на старите добри времиња, кога од тутунопроизводството добро се живеело.

„Порано, од тутун се правеле и куќи, и свадби, и мебел се купувало, се. Како дете, татко ми, на пример беше арабаџија и од тутун живеевме, осум деца. Опстанувавме. Имало и аванси давале, сега ништо…“, вели Пецо Јандрески за Алфа ТВ.

Јандрески е корисник на инвалидска пензија од само 10.000 денари. Вели, мора да го работи тутунот, за да му помогне на синот од кого има и две мали внучиња.

„Најмногу ми е жал што од оваа мака никој од семејството не може да биде поштеден, дури ни најмалите. Се’ му е подредено нему“, објаснува нашиот домаќин.

„Се’ запоставуваш, и деца, и куќа за тутунот. И на крајот кога ќе земеш – една плата што земаат директорите, тие министрите…цела година, кога ќе ги поделиш, за 500-600 евра на човек, а работиш – најмалку три месеци се бери, уште три да го прибереш, шест месеци.

За шест месеци да земеш 3.000 – 5.000 евра, не е ништо кога ќе ги поделиш…“, – констатира Јандрески.

Ова семејство кое некогаш садело и по 14 декари тутун, сега површините ги намалило на само три декари, заради катастрофалните откупни цени, заради ненавременото исплаќање на субвенциите и на другите видови помош, заради тоа што животот на вересија им станал секојдневие, иако тутунот го обработуваат на традиционален начин, за да заштедат.

„Двеста денари „двојката“ не е исплатлива, треба најмалку да е 250, разликите помежи класиве треба да бидат поблиску, 30 денари разлика, а не по евро од класа..Ова  не е издржливо, особено овие луѓе што работат со аргати…земаат кредити и кога ќе видиш на крајот, на нула и еден ден и тие ќе откажат….“, – објаснува Јандрески.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алфа ТВ.