Прекрасна вест – доцна вечерва пронајдена малата Наташа

  • By admin
  • јуни 11, 2021
  • 0
  • 16021 Прегледи

Семејството Николови, од кочанско Оризари, повеќе од 24 часа трагаш по по 16-годишната Наташа Николова Последен пат беше видена вчера во осум часот утрината, кога дома кажала дека ќе оди во училиштето.

Според неофицијални информации, таа никогаш не дошла до училиштето, а родителите ги молат граѓаните кои ја виделе или имаат некаква информација да се јават во најблиската полициска станица.

Ниту еден од нејзините сооченици вчера не бил во училиштето да ги врати учебниците, бидејќи немало закажано такво нешто. Според податоците од класниот раководител таа редовно се вклучувувала на онлајн настава, но во второто полугодие ниту еднаш не одговарала усно туку на сите прашања одговарала писмено, вели Тони Велков заменик директор на СОУ „Ѓошо Викентиев“.

На Наташа вчера ѝ било роденден, но не го прославила со семејството. Нејзините родители се скршени од болка, но целото семејство се надева дека потрагата ќе има среќен крај.

Таткото на Наташа за „Телма“ рекол дека мобилниот не може да се лоцира, но дека се надеваат дека сепак нивната ќерка ќе се врати.

Пронајдена е 16-годишната Наташа Николова од Оризари, Кочани, по која се трагаше од вчера. Веста за ,,Фокус” ја потврдија нејзини роднини, кои без престан по лоши временски услови трагаа по девојчето.

-Жива е, тоа е најважно. Неколку млади момчиња, да не речам деца, кои беа вклучени во потрагата ја најдоа, дехидрирана е, ја носиме во болница. Најважно е што е жива, ова е големо олеснување, благодарни сме на сите кои на било кој начин помогнаа – вели близок роднина на девојчето.

Наташа излегла од дома вчера наутро, на денот на својот 16-ти роденден, по што и се изгубил траг.

Роднините со неколку полицајци ја бараа среде невремето, и апелираа за помош од надлежните институции. Пребаруваа околу Гоцевата шума во Кочани, околу Гратче, во многу лоши временски услови.