По подолг период вечерва се огласи Венко Филипче: Во вакви моменти ,,подадена рака” е повеќе од потребна

  • By admin
  • август 19, 2022
  • 0
  • 299 Views

Познатиот неврохирург и веќе поранешен Министер за здравство Венко Филипче во изминатите години прерасна во еден од најпознатите наши политичари.

Како што е познато Средното училиште го завршува во 1995 година. Венко Филипче дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година. Неговата специјализација по неврохирургија започнала во 2003 а завршила во 2008 година. Во 2004 година бил избран за асистент на факултетот.

Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација, насловена “Евалуација на адекватен тајминг за третман на руптурирани интракранијални аневризми” во 2015 година.

Пред да стапи на министерската функција бил советник за здравство на претседателот на Владата Зоран Заев и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје.

Филипче во изминатите години речиси секојдневно беше присутен во медиумите што поради своите активности, што поради коментарите и реакциите на јавноста.

Но откако веќе не е на функцијата Министер се повлече од очите на јавноста и ретко се огласува, но тоа го направи вечерва преку својот профил на фејсбук каде напиша:

Секој 19 август, ООН потсетува на важноста на поддршката на луѓето во неволи, како и на безбедност на хуманитарните работници.

По 19 години од обележувањето на меѓународниот ден на хуманоста сведоци сме дека кон фликтите, здравствената и економска кр иза оставаат голем број жр тви и огромни последици по човечките животи.

Во вакви моменти ,,подадена рака” е повеќе од потребна. Сите заедно да придонесеме за зајакнување на свеста за важноста на хуманитарните активности ширум светот и важноста на меѓународната соработка во постигнувањето на оваа цел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *