Популарниот Џими има да ви каже нешто за иселувањето на младиот од истокот на Македонија

  • By klaster1
  • јуни 29, 2021
  • 0
  • 5212 Прегледи

Симон Поликарп од Нигерија попознат како Џими векје над 20 години живее во Македонија односно во Штип, тој е активен во низа активности, а последна негова активност бесе кандидатството за градоначалник на Штип.

Џими на јавноста и е познат и од учеството во неколку скечеви на своевремено популарните ,,К-15“, каде што учествуваше и не забавуваше.

Последна негова активност беше вкулувањето во политиката и тоа во обид да стане градоначалник на Штип, со своето мото дека на народот ќе им служи како човек од збор а не како политичар.

Тој беше кандидат на Интегра, а против себе го имаше сегашниот  Сашко Николов, од редовите на СДСМ, кој победи убедливо.

Симон со својот харизматичен пристап и зборување секогаш има да каже нешто интересно, а сега беше во посета на Делчево каде што даде свое видување за ситауцијата со иселувањето и животот во Македонија.

– Овде сме со едни пријатели од Англија, ги шетаме по Малешевијата, овој крај е навистина убав, недопрено богатство со многу убавини и рајска природа.

– Но овде ништо не се случува поконкретно нема никаква живост, почнувајќи од Кочани, Виница, Македонска Каменица, Берово, Пехчево, овој крај е навистина замрен.

– Слободно можам да кажам дека 70, 80 проценти од младите од овој крај се иселени, а другите да би имале шанса и тие би се иселилие, мора да го спречиме ова и да помогнеме младите да останат во Македонија.

– На следните избори ќе размислам дали ќе се кандидирам, јас би сакал ако има некоја добра опција, јас сум секогаш тука, вели Поликарп за ,,Делчево 365,,

– Пред се би посакал многу здравје, да се заштити народот од болести, да се има среќа, се другото ќе си дојде и да порачам во Македонија е убаво место за живеење.