Познато колку Македонци во Австралија по дома зборуваат македонски

  • By klaster3
  • јуни 29, 2022
  • 0
  • 414 Views

На 10 август минатата година, во Австралија беше спроведен редовниот попис на населението и домаќинствата, па македонската заедница на петтиот континент се мобилизираше за што помасовно пребројување на Македонците.

На секои пет години се врши пребројување на секоја личност и дом во Австралија на националниот попис на населението и домаќинствата.

Податоците собрани од над 25 милиони луѓе ќе им помогнат на владите, деловните субјекти и групите на заедницата да донесуваат информирани одлуки за инфраструктурата и услугите за Австралијците.

За Македонците овој попис е од голема важност и од нас зависи како се идентификуваме, а иднината наша и услугите што ќе ни се нудат ќе зависи од самиот број на Македонците.

Пописот ќе им обезбеди на Македонците во Австралија соодветно претставување и градење политики од областа на културната разновидност, здравството, образованието и социјалните услуги.

Со идентификување како Македонец Австралијанец, ќе и се овозможи на австралиската Влада подобро да сфати кои се Македонците, како и потребите на македонската заедница во Австралија сега и во иднина.

Како што е познато Македонци во Австралија или Австралиски Македонци е едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници.

Според ОМД во Австралија има околу 200.000 Македонци. Најголема имиграција на Македонците има за време на Грчката граѓанска во јна и Втората светска во јна.

Исто така голем број на миграции од Македонија во Австралија има во 60-тите и 70-тите години на 20ти век. На пописот од 2011 година, 40.222 жители на Австралија се наведени како родени во Република Македонија.

Вкупно 93.570 жители се изјасниле со македонско потекло, или сами или во комбинација со друго потекло. Во 2001 година, Македонија била 26-то најзастапено родно место во Австралија.

Според последните податоци кои ги пренесува СБС радио на македонски, од спроведениот попис во Австралија позната е бројката на Македонци низ Австралија како и тоа колку дома зборуваат на својот мајчин јазик.

Бројот на лица во Австралија кои дома зборуваат македонски, по држави и територии: Нов Јужен Велс – 43,775 лица со македонско потекло, македонски дома зборуваат 28,091; Викторија – 49,429, македонски дома зборуваат 29,356 Квинсленд – 3,335, македонски дома зборуваат 1,386

Јужна Австралија – 1,817, македонски дома зборуваат 610; Тасманија – 133, македонски дома зборуваат 30; Северна Територија – 78, македонски дома зборуваат 19; Австралиска главна територија 1,458, македонски дома зборуваат 764.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.