Познатиот пејач: Бев на работ на егзистенција, поради тоа бев на психолог

  • By klaster1
  • јули 7, 2021
  • 0
  • 1076 Прегледи

Естрадата и музичарите после подолго време започнаа со настапи, бидејќи беа под ,,клуч“ сите нивни настапи и збиднувања.

Вирусот влијаеше на многумина, а доста од естрадата се жалеше дека забранувањето на нивните настапи силно влијаеше на нивната финансиска ситуација.

Имаше и такви за која и покрај тоа што не настапуваа не ,,кукаа, и не се жалеа за ситуацијата, дури и кажаа дека цената им се кренала по паузата.

Пејачот Амал Чеман Чемо признава дека е пресреќен што по паузата повторно започнал да настапува и дека периодот на пандемија на вирусот истотака му влијае психички.

– Конечно започнав да работам и да се дружам со публиката, и конечно од нешто започна да се заработува. За време на вирусот имаше колебање околу егзистенцијата и дали ќе преживееме, вели тој за ,, Курир,,

Тој призна дека периодот на пандемијата исто така психички се одразил на него, и морал да ппобара помош, бидејќи неможел да издржи.

– Да, вирусот многу влијаеше , бидејќи порано бев постојано во движење и во контакт со публиката. Отсуството на тој социјален момент беше навистина тешко за мене, фала му на Бога што помина – вели тој.

– Иако психички западнав сепак не отидов овој период на психолог, но ако ме прашате дали користев услуги на психолог, тоа го правев одамна.

– Нема срам од тоа. И мислам дека тоа е најдоброто нешто за што може да одлучи секој човек, а тоа многу ми помогна во животот – гордо вели Чемо.