Пејачката Сања Гроздановска: Квичевте 500 евра да земете од државата – дремете дома сега

  • By admin
  • мај 31, 2021
  • 0
  • 8075 Прегледи

За познатата и згодна македонска фолкерка Сања Сани Гроздановска многу нешта се оддамна познати, меѓудругото дека по потекло е родена кумановка, со адреса на живеење во Скопје

Сања Сани Гроздановска, една од најпопуларните и најпознати македонски фолкерки од помладата генерација реши да направи комплетна трансформација…

Или поточно мораше, но, не во изгледот и имиџот, туку во еснафот, зашто вирусот ја натера да ја смени професијата, сакала или не, како и многумина други естрадни уметници чија кариера е на работ на пропаста, а за егзистенцијата и да не говориме.

Токму затоа, естрадата тргна да бара алтернативни решенија за сопствениот опстанок и опстанокот на своите семејства, па многумина од нив свртеа нов лист во животот, оставајќи го свирењето и пеењето да чека подобри времиња, ако воопшто тие и дојдат.

На естрадните уметници не им преостана каде да пеат, па од естрадни полека стануваат страдни. Не им преостанува ништо друго освен „само да се сликаат“.

Многумина од нив од пејачки станаа манекенки, модели, инфлуенсерки, блогерки… па се’ до меанџии и психолози. На оваа категорија естрадни уметници во „преквалификацијата“ на професијата деновиве им се приклучи и Сани Гроздановска.

Зошто Сани почна со работа во компанија која неодамна е формирана за да ја „зголеми конкурентноста на пазарот на мобилната телефонија и мобилни услуги со цел да внесе поквалитетна и пофлексибилна понуда до секој корисник, како приватно лице или бизнис корисик“ – како што самите напишале во нивното портфолио „Зелените мобилни“, каде Сани деновиве почна со новата работа.

Сани е мошне активна и на социјалните мрежи и важи за личност која е директна и отворена и го кажува без „влакна на јазикот“ она што го мисли.

Така беше случај и пред неколку дена кога на својот профил на фејсбук се огласи и порача:

Епа квичевте за 500 евра да земете од државата. Дремете дома сега. Ве платија да ви ја затоворат устата.