Пејачката која ја утна македонската химна во солзи се огласи: Два дена плачам

  • By admin
  • мај 30, 2021
  • 0
  • 2035 Прегледи

Македонската пејачка Нина Јанева која при изведување на македонската химна на вчерашниот протест пред Владата за настаните од 27 април ја згреши химната.

Јанева, нешто навидум како и Тамара Тодоевски ги пропушти стиховите каде се пеее за Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груевс и Сандавски.

Очекува ова предизвика бура од реакции и коментари на сметка на нејзе и многумина веруваат дека ова било направено со намера.

Ретко кој знае дека Ченто ми е најдобар другар. Ги видов неговите родители во втор ред и борбата беше фокус меѓу текстот и солзите…

Патем, прв и последен пат грешам химна во животот, ама емоцијата е посилна од се. Фала на поддршката на сите, сите коментари држат вода и се оправдани.

Темата е многу чувствителна и оправдување нема! Човек од месо и к рв – со овие зборови се обрати поп пејачката Нина Јанева Николовски, која вчера за време на протестот за слобода на осудените за нападот во Собранието, направи грешка при интонирањето на химната.

Исто така таа даде изјава и за Женски Магазин каде вели дека два дена плаче и е разочарана од себеси затоа што заборавила втората строфа.

Таа вели дека побарала уште еднаш да ја испее химната, откако заборавила да ја испее втората строфа: „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“

„1000 химни имам испеано, за првпат згрешив. Два дена плачам од разочараност од себеси. Не знам што да кажам, оправдан е револтот од народот, но добивам огромна поддршка од целата дијаспора“.

Јанева додава дека на лице место луѓето негативно реагирале, но потоа, откако побарала да ја препее химната сфатиле дека се работи за грешка.