Пејачката Гоца Божиновска искрена: Кога ќе ми дадеа парче леб скокав од среќа

  • By klaster2
  • октомври 18, 2022
  • 0
  • 245 Views

Пејачката Гоца Божиновска долги години е на естрадата и важи за една од поквалитетните изведувачи која опстојува долго во музичките води.

Пејачката Гоца Божиновска за ,,Стар.рс” открива дека не е се како што изгледа на естрадата и не тече млед и млеко и има позадина.

Јавните личности на социјалните мрежи се тркаат да покажат што повеќе богатство, луксузни патувања и облека, но како што вели Гоца Божиновска за ,,Стар, вистината е далеку од тоа.

Пејачка која има богата кариера во која заработила многу пари кои ги вложила во семејството и децата, па многумина велат дека живее во луксуз, а открива каков живот води.

„ Работам 15 часа на ден, нон-стоп сум на пат. Се враќам дома од настап ги распакувам куферите, ги ставам алиштата во перална, пакувам уште една и одам повторно на пат.

,, Да речеме дека одам во Париз, луѓето ме видат на аеродром и си велат ,, блазе си нејзе многу и е убаво и таа ужива”

,, А јас аеродромот го гледам само од Париз, кога ќе дојдам на ромска свадба, на пример, пеам од утро до утро, а потоа назад на аеродромот, додавајќи дека ништо не е како што изгледа.

„ За мене пишуваа дека купувам морска сол за базенот за да се пофалам, а вистината е дека ја купував само за да го чистам базенот и ништо повеќе.

Но почетокот и детството за пејачката не биле лесни како што истакнува таа во емисијата ,, Нај Нај” се радувала кога ќе добиела парче леб.

Гоца Божиновска пораснала во сиромашно семејство, а денес живее во изобилство. За да им помогне на родителите, работела пред пладне, а подоцна одела на училиште.

Како што раскажува, носела користени гардероби, главно такви што и ги давале, бидејќи немала пари за нови: Кога ќе ми дадеа парче леб скокав од среќа, вели искрено Божиновска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.