Пејачката Габриела откри како заработувала за леб во време кога настапите запреа – тоа ме исполнува

  • By klaster1
  • јуни 25, 2021
  • 0
  • 483 Прегледи

Бугарската пејачка со специфичен и несекојдневен глас кој плени ги собра симпатиите и растури во едно од изданијата на ,,Ѕвездите на Пинк,,

Тогас пеејки ги најголемите хитови од Светлана Ражнатович, остави најоглем впечаток во натпреварувањето, и бесе блиску до победа.

Габриела Пејчев се здоби со огромна популарност благодарение на песната „Луда по тебе“ која беше насловна песна на популарниот филм „Јужни ветар“ и некако токму кога требаше да блесне, започна вирусот и музичкиот свет и сите планови на пејачката запреа.

Сега е повторно на сцената, активна е со настапи откако се смири пандемијата, но откри и дека пронашла нова страст за време на вирусот.

– Се фокусирав на тренинзи, на учење нови јазици, се посветив на семејството, искрено, да не се случеше вирусот, кој знае дали ќе пробав да напредувам во некои други работи.

– Никогаш во животот не сум тренирала континуирано, а сега не пропуштам ниту еден тренинг – вели оваа харизматична пејачка.

Таа не ја смени целосно својата професија, но се опроба во некои други работни места за време на пандемијата, кога беше неизвесно дали воопшто ќе започне да настапува.

– Не размислував за промена на професијата, но и помогнав на мојата пријателка во работите поврзани со нејзината компанија, му помогнав и на мојот брат и така најдов задоволство во некои други работи што можат да ми донесат финансиска поткрепа – рече Габриела.

Таа додаде дека ситуацијава сто се случи им одржала лекција на пејачите дека треба да размислат за започнување други деловни активности освен музика.