Пецо и Маријана од битолско низ солзи: Останавме без кров над глава, ако може да ни помогне некој

  • By admin
  • јуни 6, 2021
  • 0
  • 1340 Прегледи

Една стара поговорка вели дека каде што е најтенко, таму се кине. Судбината сакаше завчера тоа уште еднаш да се потврди во пелагониското село Мусинци.

Силен пож ар целосно ја зафати куќата на најсиромашните, 45- годишниот Пецо Митревски и девет години помладата сопруга Маријана Митревска, со три дечиња на десет, седум и пет години.

Тие свија семејно гнездо откако Пецо ја донесе млада невеста од Албанија и со аргатување по туѓи ниви и чување кози, некако се прехрануваа.

Но, на оваа не среќа се надоврза и фактот што кога започна огн ената стихија, децата беа сами дома. За среќа, најголемкото девојче ги извлече помалото братче и сестричето, но внатре с`е беше ун иштено- од мебел, бела техника, документи, пари, облека, покривки, буквално с`е.

-Само што излеговме, кога ни се јавија, вратете се и терајте ја стоката оти го ри куќата. Само децата што се спасија, тоа ми е најбитно, само децата.

Останавме без покрив на главата. Ако може некој да ни помогне арно, оти тоа никој не го сака. Така ние е, со маки со труд, по нивите. Што да прајме, мора да се живеј, кога нема работа. Мора- низ солзи ни раскажа 36- годишната Маријана.

-Може да е од инсталацијата, не можам н ишто да направам. Да речам дека некој ми потфрли, не можам да правам грев.— Пож арна дојде откако из горе куќата и не може да стигни оти е оддалечено 35 км- рече сопругот Пецо.

Синоќа, Советот на Општината Могила донесе одлука за помош со градежни материјали во износ од 3. 000 евра, но уште еднаш се отвори проблемот што оваа рурална општина нема про тивпожарна заштита, иако покрива голема територија.

Ние во Општина Могила немаме пожарникарска служба, но плаќаме за 4 пожарникари со плати и придонеси во Општина Битола— Далеку се овие села од Битола, е ова е 40 км и дури да дојде пожарната , еве снимките ги гледате, кога ќе дојде. Се п али дење, стигнува ноќе– рече Борче Бучински, член на Советот на Општината Битола.

Како и колку човечката солидарност кај Митревци ќе стаса? Тешко е да се претпостави. Сега, врз нивниот грб налегна оловен товар, а Пецо доживеа тежок ш ок и замалку целиот вкочанет ќе се заг ушеше, ако во последен момент не го спаси еден млад лекар.

Ѕгора на с`е, на овие ма чни души, според апсурдните законски параграфи, не им следувала социјална помош за трето дете, зашто кога се родило највозрасното девојче, мајката имала престој во Македонија само 14 месеци, а условот бил да поминат три години.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алфа ТВ.