Петре Шилегов за Апасиев: Тој е човек со не среќно детство

  • By klaster1
  • мај 8, 2021
  • 0
  • 3571 Прегледи

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов гостуваше во емисијата ,,Г-Карпет,, каде беше гостин, а гледачите имаа можност да го видат во едно поинакво издание.

Тој откри доста интересни детали и тоа дека бил кошаркар и играл за една од најсилните тогашни екипи Слога Чаир, но повр едата го спречила понатамошниот тек на кариерата.

-Љубител сум на книги и музика, во последно време немам време многу за книги, но слушам музика особено онаа на Ѓорѓе Балашевиќ, колекционер сум на плочи, љубители сум на кафе и тоа по 15 во ден, вели градоначалникот.

Исто така тој важи за многу не пријатен човек во ТВ-дуели и многумина неможат да му парираат, а на ова се надоврза и Миро и го праша дали би прифатил Тв- дуел со лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Односот Шилегов- Апасиев е доста актуелне последниот период, бидејќи лидерот на Левица во доста наврати знае да го поткачи Шилегов и да жес токо да го искритикува.

Апасиев важи за човек кој не бира зборови и нема влакна на јазикот, и ги критикува многуимна политички субјекти, истотака е познат и на социјалните мрежи каде што го привлекува своето внимание.

Тој на последните парламентарни избори со својата ,,Левица” осови околу 40 илјади гласови и избори два пратенички мандати во собранието заедно со Борислав Крмов.

– Јас го знам Апасиев од поодамна тој беше странка во мојата канцеларија, јас во принцип знам за каков човек станува збор. Не е суштината да мислиш дека си фраер ако оп суеш некој на социјалните мрежи.

– Тоа неличи на човек кој што ја бара поддршката од граѓаните. Јас од тој човек невидов нешто добро што сака да реализира во државата.

-Јас мислам дека дечкото е човек со не среќно детство, вели првиот човек на град Скопје, Петре Шилегов