Петар Богојески: Членовите на Лев Тахор ги поканувам да ги сместам кај мене во Крушево

  • By admin
  • февруари 23, 2022
  • 0
  • 597 Views

Членови на еврејската религиозна група „Лев Тахор“ („Чисто срце“) во рок од десетина дена мораа да менуваат три локации за сместување.

Откако беа и заминаа од Куманово и од Скопје, пред неколку дена со автобус и со полициска придружба се сместија во хотел во охридското село Горно Лакочереј, но и таму не најдоа мир.

Групата од 37 луѓе, од кои половината се малолетни деца, ретко излегуваат надвор, иако имаат легален привремен престој во земјава се непосакувани таму.

Дел од жителите на Горно Лакочереј излегоа на улица со барање групата да замине поради својата безбедност, во спротивно ќе излезат на масовни про тести.

Се поизвесно е дека од Лев Тахор повторно ќе мора да менуваат локација, а за првпат добија и конкретна понуда за гостопримство.

Петар Богојески, поранешниот заменик- генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, познат и како еден од иницијаторите за реформи во партијата се огласи преку социјалните мрежи.

Политичарот кој е по потекло од Крушево и кој важи за доста активен на социјалните мрежи утрово на својот профил на фејсбук напиша:

Лев Тахор. Прог онувани од сите, жени и деца со нивните сопрузи, само зашто практикуваат фундаментален Јудеизам!

Тој Јудеизам го ос уди Бог, но нас Тој не научи на прошка и солидарност! Ан тисемитизмот мора да запре!

Оваа група Евреи, јавно ги поканувам да се сместат на мој имот во Крушево, да најдат мир и достоинство, да презимат да бидат згрижени додека тоа им е потребно од Македонија!

Немам комуникација со Еврејската заедница во Македонија, но слободно можете да ме контактирате, за да Ви помогнам! Бог е голем, а ние см ртните може само да помогнеме! Мое беше да ги поканам, а тие си знаат

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.