Перо од Скопје: Ми ветија работа во МВР но ме извисија, земав кредити, а сега немам како да ги вратам

  • By klaster1
  • мај 9, 2021
  • 0
  • 10688 Прегледи

Секој сака да израсне во семејство исполнето со љубов и топлина и да ја има поддршката од родителите во теко на целиот живот, но за жал секој ја нема таа среќа.

Една таква сторија има 43- годишниот Перо Грозданов од Бутел кој пред камерите на ,,Срце на дланка“,  го раксажува своето патешествите низ животот.

Перо како дете бил оставен во дом за деца без родители, тој не си ги познава своите биолошки родители, и често бил исмејуван и гледан со други очи од неговите врсници. А е често во контакт со семејството кое го одгледало.

– Јас израснав во дом- семејство таму бев 22 години, од мои 3 години. Моите биолошки родители не ги познавав, се обидував и прашав во социјалното да ми одговорот што како.

-Од таму ми кажаа дека несмеат да ми кажат. А јас сакав да дознам многу кој се што се дали имам браќа и сестри.

-Ми беше многу тешко секогаш кога си играв со дечињата ми веле ,,Ти си дете од дом,, ,, Кај се твоите родители”, сеуште сум во контакт со моите дом-родители, се видуваме некогаш.

Од детството ги паметиме родендените, тортите, свекичките што ги дуваме, подароците што ги добиваме, но Перо од детството памети само солзи. Без бакнежи и прегратки од најасканите.

– Сум ги барам родителите, ги сакав топлите прегратки, да име некој да ми пружи љубов, да биде покрај мене кога ми е најпотребно, а сето тоа се заврте на друга страна, друга мајка коај сега за жал не е меѓу нас.

-Да би ги сретнал сега родителите би им простил, бидејќи имало сигурно некоја причина, дали финансиска, дали кар аници, или пак немање услови, и одлучиле така да ме остават.

– На 18 години почнав да работам во една перална во Драчево, мораше да се заработува, да имаш свој денар, завршив средно училиште. Поради тоа што сум дете од дом, ме осу дуваа, неможев ниту да заджам девојка за мене, ми веле ти си дете од дом, моите дома не ми даваат со тебе.

Перо денес живее со Верче, која е исто така дете од дом, и за неколку месеци ќе станат родители, и ќе му дадат на детето љубов и грижа кој тие ги немале во детството.

Тие зимаат кредит за домаќинството, но во сплет на околности пропаѓаат и сега се во голема дупка. Имало денови кога немале што да јадат и се борат за да преживеат.

– Со Верче се занеме од многу поодамна ми беше соученичка и другарка а сега сме партнери што сме заедно, чекаме принова. Но поради домаќинството западнав во кредити, и сум во многу лоша ситуација. Живеам во социјален стан доделен од државата, вели Перо.

-Работев, сум помагал на многуимина, ми ветија дека ќе ме вработат во МВР како службеник, но од тоа ништо а јас останав со празни раци и долгови. Даден сум на извршител, сега работам во една приватна фирма, но тоа не стига.

-Месечно од платата ми остануваат 5 илјади денари, и од тие пари јас треба да гледам жена и дете кое е на пат. Се случувало често леб и шеќер да јадеме. Поддшка немаме од никого, но со Бога напред се надевам дека ќе успееме.

Перо е исто така голем хуманитарец, пред некое време помогнал на еден човек да добие социјален стан а истотака му дал и дел од својот мебел иако и тој нема многу.

Доколку сакате да му помогнет на Перо да застане на нозе тоа може да го сторите на 210501611154044- Верица Грозданова Тутунска Банка.