Фолкер Висинг, германскиот министер за транспорт укажа на пр облемот со недостаток на кадар во туристичката и транспортната индустрија за време на празничната сезона.
„Овде, два аспекта негативно влијаат на развојот на ситуацијата: голем број луѓе кои конечно сакаат да одат на одмор по панд емијата и истовремен недостиг на кадар во туристичката и транспортната индустрија, која изгуби голем број вработени во последните години“, изјави Висинг за Билд.
Недостигот од персонал е особено видлив во воздушниот транспорт, каде што во пресрет на празниците имаше огромни гужви и метеж на германските аеродроми.
„Едноставно недостасува персонал во сите сектори: од контрола на патниците, преку вчитување на багаж до персонал во кабината“, рече Висинг.
Тој објасни дека многу од овие вработени побарале други работни места за време на периодот со вирусот.
Висинг зборувал за 20 отсто помалку работници во споредба со времето пред панд емијата на коронавирус.Тој повикал на покренување иницијатива за стекнување на квалификувана работна сила и модернизација на инфраструктурата.
Синдикатите на аеродромците проценуваат дека моменталниот недостиг е од околу 5.500 работници.
Проблемот е, како што се наведува, што поради долготрајните безбедносни проверки на работниците вработени на аеродромите, не може за краток временски период да се вработат поголем број работници.
Ова секако би претставувало потешкотија која ќе засегнат и голем број граѓани на Македонија, како оние кои живеат и работат таму, така и оние кои ќе патуваат.
Како што е познато во летнито период многу нашинци ги користат годишните одмори за да си дојдат во родните места.