Панчо од ДНК распали по газдите на дискотеки , клубови и локали и јавно го повика Филипче

  • By admin
  • јуни 19, 2021
  • 0
  • 5930 Прегледи

Деновиве, поточно викендов сведоци сме на бројни забави на кои се пристугни пред се млади лица.

Ова доаѓа по олабавување на мерките, но сепак од снимките и фотките може да се забележи дека во голем дел тие не се почитуаат.

Познатиот македонски музичар, Владимир Блажев и ли во јавноста познат како Панчо од ДНК денес се огласи на социјалните мрежи и по пат на фејсбук порача:

-Вака сега да ви кажам нешто, а кој како сака нека го сфати од газдите на дискотеки , клубови и локали.

Ние артистите бевме долго време затворени, а исто и вие и со причина нормално.

Сега кога не пуштија да работиме после 10месеци, кога ни/ви дадоа некој понормални протоколи со оглед на состојбата во која се наоѓа цел свет, дел од газдите на клубовите и локалите се однесувате без грам почит кон донесените мерки.

Но пред се и кон оние кои најодговорно се продржуваат и ги спроведуваат протоколите, а со тоа ги загрозувате вашите колеги но и сите нас артисти кои живееме и егзистираме од ова.

После пак ќе ни/ви бидат криви Венко и компанија. Не бе другари сами сме/сте криви и немојте после да кукате ко ќе не/ве затворат за 2-3 недели од сега.

Јавен апел од мене до Венко Филипче и комисија за заразни да реагираат многу поригорозно кај сите оние кои ги прекршуваат дадените протоколи бидејќи поразот ќе биде заеднички.

И на крај не сме сите криви ниту ќе бидеме, санкционирајте ги оние кои идат против закон кој треба да е ЕДНАКОВ за СИТЕ без оглед на се!!!