Дуото “ДНК” долги години опстојува на македонската музичка сцена и се едни од најактивните и најуспешните досега. Основана е веќе во далечната 2002 година од Владимир Блажев – Панчо и Андреја Ѓорѓиески – Андреј.
Како артисти со претходно музичко искуство и образование (Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК – Девојка за везден за кој снимат и видео запис.
Панчо важи за човек кој нема проблеми да зборува отворено и без влакна на јазикот, а во една прилика говореше за своето детство и младоста:
Панчо се присети и на првата хонорарна работа која ја добил во петто одделение во тогаш познатиот кафе бар Цитадела, кој се наоѓал на 50 –тина метри од неговата зграда.
„Работа ми беше да собирам полни пепелници и да ги менувам со чисти, да варам турско кафе на решо бидејќи тогаш немаше машини за еспресо и макијато. “, откри пејачот.
Тој секогаш знае гордо да се потсети на својата мајка и често ја спомнува во интервјуа или пак во објави на социјалните мрежи.
Жалам што не можете да ја прашате мајка ми повеќе ама знам дека душата ѝ ја извадив. Од секогаш бев самостоен, со оглед на тоа дека живеев само со мајка ми, а таа мораше да работи.
Еднаш паметам дека ме прати по цигари, имав околу 6-7 години и бидејќи малската трафика не работеше се качив во автобус на најблиската автобуска станица и кога возачот виде дека сум сам ме одведе во првата полициска станица. Т
Таму со полицајците си гледав цртани филмови и нормало по 2-3 часа се појави мајка ми да ме земе.“, се потсетува Панчо во едно неодамнешно интервју.
Како што е познато Панчо на својата мајка ѝ ја посвети песната „Уште еден ден“, емотивна балада од последниот албум на „ДНК“. Кадрите за спотот, кој е симболика на нераскинливата врска меѓу мајката и детето, животот и см ртта, се снимани во Марков манастир и на Козјак.
„Веднаш откако поч ина. Му се јавив на Лазе (нашиот продуцент Лазар Цветкоски) и му реков дека мора да дојдам и да ја извадам цела моја та га на хартија.
Текстот го напишав речиси во еден здив, а Лазе отсвире се на самото снимање и направи според мене страшно добар аранжман полн со емоција.
Слушнете ја внимателно отсвирената соло гитара, и ќе чуете колку плач и тага има во неа. Благодарен сум му доживотно, а од друга страна би сакал никогаш да не мораше да ја напишам“,
Панчо и годинава не заборави на својата сакана и преку својот профил на фејсбук сподели пост со фотографија во кој вели:
На денешен ден, пред 8 години, го загубив мојот најголем идол и поддржувач. После тоа никогаш не се смеам исто. Има голема сенка во моето срце што ќе трае додека не се сретнеме повторно.