Панчо ДНК распали: Луѓе ова е национален состав, не приватен клуб

  • By klaster1
  • мај 29, 2021
  • 0
  • 2102 Прегледи

Дресот на Македонија за премиерниот настап на Европското првенство во фудбал, за прв пат беше официјално претставен на јавноста.

ФФМ ги изненади сите бидејќи за основна боја не ја одбра црвената со жолти детали, туку основата е бордо со бели линии.

Бордо дресот на Македонија доби нови детали, кои досега не биле присутни на дресовите. На предниот дел од дресот е исцртан транспарентен лик на рис, кој е заштитен знак на македонската фудбалска репрезентација.

Покрај тоа, на задниот дел од вратот и по ракавите има разни линии кои одат во различни правци.

Иако од ФФМ се осврнале во голема мера на деталите на дресот, фактот што тој е бордо го навлече гневот на фановите во Македонија.

Скоро цела Македонија се дигна на нози и реагираше бурно за новите дресови и за претсатувањето на Македонија во такво издание на дресови.

Нашиот капитен Горан Пандев на својот Инстаграм профил објави фотографија која може да биде протоклувана како еден вид на коментар за изборот на дресот од ФФМ.

Фудбалерот на Џенова се фотографираше со дресот кој Македонија го носеше во изминатиот период, и со државното знаме веројатно сакаше да упати силна порака и да алудира на направениот пропуст.

Свое мислење даде и Панчо од ДНК, кој распали во свој стил и кажа:

– Ова е скандал, промена на автентичната боја на дресот на Македонската фудбалска репрезентација( Црвено- Жолта),

-според мене носење на тотално нелогична одлука на господата од ФФМ за промена во бордо/вишна и црна боја која воопшто нема допирни точки со нашиот национален идентите и нашето знаме.

Јас пред се како Македонец и подржувач на македонскиот фудбал сум многу тажен и изреволтиран како и секој Македонец.

Лично од моја гледна точка е направен огромен пропуст и непоправлива грешка за која мора да се превземе одговорност, посебно за оној кој го одобрил и дозволил сето ова да се случи.

Се работи за национален состав, кој ја претставува земјата и ова не е приватен клуб со кои може да си поигрувате.

Ова не треба да го ставиме на товар на македонските фудбалери, бидејќи тие се најмалку виновни и не треба да им се прави притисок.

-Треба да имаме уште поголем мотив да ги бодриме бидејќи никој неможе да им го земе успехот кој го направија. Бордото боја нема и не треба да го расипе нивниот дух и нашата поддршка кон нив.

-Бордото боја кажува само колку нестручни луѓе ни ги водат важните државни институции, заклучува Панчо.