Панчо ДНК: Не ја спуштајте цената, кога можат да ги кешираат странците, сигурно можат и нас

  • By admin
  • март 21, 2022
  • 0
  • 348 Views

Познатиот музичар Владимир Блажев од групата ДНК или познат и како диџеј шорти како и многупата претходно, така и сега имаше што да каже.

И овојпат без „влакна на јазико“ Панчо преку својот профил на фејсбук излезе со статус во кој што вели:

Друшто имав доста продуктивен викенд и одлични настани реализирани како соло но и со мојата екипа на Сур Шот . Долго време размислувам да напишам едно мое видување за кое одсекогаш сум се залагал па решив да го споделам.

Ќе бидам краток, концизен и се надевам дека нема да бидам погрешно сфатен. Со мојата екипа сме доказ дека Македонските артисти се ценат ако сето тоа добро се спакува и пласира.

За жал поделеноста, нетрпеливоста и лиц емерието на МК сцената е преголема, а не сте ни свесни дека тоа иде во полза исклучиво на колегите кои доаѓаат од соседството и на некој начин ни ги земаат парите кој реално треба да влезат кај нас. Величејќи ги нив, губитници сме сите ние заедно.

Немам против никој странски колеги бидејќи и самиот застапувам неколку во МК, но поентата верувам ќе ми ја сфатите тие кои сакаат да се бават со авторска музика и градат кариера, не оние кои се кавер бендови и пеат 90% песни од изведувачи од соседството.

Немам против тоа, секој има право на избор. Да сумирам. Поделеноста и несоработувњето носи само зијан, тоест “ќар” и полнење на “его” на краток рок.

Додека сплотеноста и взаемната поддршка е докажан рецепт за успех.

Сфатете дека во музиката и уметниста нема конкуренција, не е трка на 100метри. Најбитно, не ја спуштајте цената, кога можат да ги кешираат “странците” сигурно можат и нас. Ценете се сами, ако не никој друг нема.

Да повториме: Доста се пљу кате и врњ ѓате од тоа ќар имаат “странците”, а отворете очи и кај “менаџерите” ( чест на исклучоци ) кои ве ши ткаат како флаши ал охол и ги бо ли уво во кој се дупки настапувате. Ваш Панчо

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.