Омилената држава за одмор на многу Македонци од утре со нови правила за влез на нивна територија

  • By admin
  • јуни 5, 2021
  • 0
  • 743 Прегледи

Генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус вчера истакна дека надминале шест милиони вакцинации, од почетокот на процесот, односно од 27 декември 2020 година.

Како што е познато пред неколку дена пристигна вест која вели дека од утре за влез кај нашиот јужен сосед ќе важат нови правила.

Од утре во Грција стапува на сила обврска да се спроведе задолжителен влезен тест за лица постари од 6 години.

Туристите ќе можат да влезат во оваа земја со негативен ПСР тест, не постар од 72 часа или сертификат за вакцинација.

Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас соопшти дека одлуката стапува во сила на 7 јуни, јавуваат грчките медиуми, пренесува Б92.

Во карантин од 10 дена ќе мораат да влезат сите кои на границата ќе бидат позитивно тестирани измената е наместо 14 дена.Ќе бидат дозволени тури со водич по 20 лица на отворено.

За да влезете во Грција, треба да пополните формуларот PLF, кој можете да го најдете на страницата travel.gov.gr, како и доказ за имунизација.

Во однос за влез со потврда за вакцинација, ќе може да се влезе со која било вакцина, но последната доза мора да биде примена најмалку 14 дена пред влезот во земјата.

Доколку не сте вакцинирани морате да имате ПЦР тест не постар од 72 часа. А ако сте го прележале коронавирусот треба да дадете на увид потврда дека сте го имале вирусот во период од 2 до 9 месеци пред влезот.

Ова го потврдувате со позитивен ПСР или антигенски тест со кој ви е дијагностициран вирусот.