Оливера од Скопје: Многу е тешко на детето да му кажеш ,, Немам да ти дадам за леб,,

  • By klaster1
  • јули 19, 2021
  • 0
  • 2526 Прегледи

Оливера Ѓоргиевска од Скопје е самохрана мајка која долго време оди по трнливиот пат, таа нема никаков приход, а живее само од добрината на народот.

Оливера која по потекло е од Крива Паланка има само 38 години, но нејзиниот лик и години не се совпаѓаат, сето тоа е последица на трнливиот пат кој го минува низ животот.

– Јас сум самохрана мајка, мојот сопруг е по чинат пред 4 години, израсната сум во Крива Паланка, таму се и омажив и го добив детето.

– Имавме живеачка со сопругот, тој работеше градежништво, прво работеше во Македонија, а потоа замина во Германија, и си доваѓаше на 6 месеци.

– Си дојде за Нова Година, тука правеше опер ација на бубрезите, иако беше успешна истата, тој после 5 дена по чина во болницата.

– Во желба за подобра егзистенција, доаѓам сама со детето во Скопје, претходно во Паланка работев во една конфекција година и пол, но таа се затвори.

– Јас работев и машки и женски работи, но сепак сопругот беше потпора за се, откако тој замина, мојот живот се смени од корен. Без фи нансии и без потпора си никој и ништо.

Оливера заедно со својот син Антонио доаѓа во градот со цел да има егзистенција и да може да го израсне синот, таа работи како садомијачка и куварка.

– Откако замина сопругот наследи синот пензија од околу 9 илјади денари, пари со кој месецот тешко го минувавме, но откако тој заврши средно училиште парите му се прекинаа.

– Тој имаше голема желба да се запише на факлутет и да учи но ситуацијата е друга и неможев да му овозможам, сега тој е принуден да работи за да спечали нешто.

– Јас работав во една кафеана, но таа работа не ми е стабилна, поради ситуацијата со вирусот, иако е мала дневницата, морам да работам.

– Не бирам јас работа, што и да е само да е стабилна работа за да можам стабилно да мислам за утрото што доаѓа вели Оливера пред камерите на ,,Срце за Дланка,,

– Тука живееме под кирија, имаме една соба со тоалет, јас и синот, што да правиме немаме друго решение, ситуацијата ни е многу лоша.

– Оливера е многу вредна, паметна и спретна жена, голем херој според мене кој и покрај сите случувања во животот усепала да опстои.

– Таа дојде од Паланка за да биде поблиску до своето дете кое учеше средно овде, Антонио исто така е многу скромно дете, со голем мотив за работа, вели соседката Данка.

Оливера има брат и татко, но не сака да се врати назад во Крива Паланка, бидејќи нема егзистенција, а и таму ситуацијата не е нај сјајна.

– Имам поддршка од брат ми и од татко ми, помагаат колку можат, сега пред еден месец имавме донација од училиштето во Паланка каде што заврши мојот син основно.

– Тие донираа некој денар, плус помош во вид на облека и храна, благодарни сме но животот не е само еден месец, ми треба стабилна работа.

– Киријата за станот е 3 500 илјади денари, а јас земам 800 денари дневница, но не секој ден, не е стабилна работата, како да опстојам и за што попрво да ги дадам тие пари.

– Ми се има случувано да немам ни за кирија, среќа татко ми беше тука, тој е пензионер ми помогна, а и сопстевникот има разбирање, но ќе ме почека 3-4 дена, неможе месец два.

– Се случувало детето да ми бара а јас да немам, верувајте многу е тешко да му кажете на детето дека немате да му дадете за леб.

– Но јас не сум таков тип да седам со скрстени раци, барам се растрчувам, се задолжувам, одработувам, се права за да му обезбедам.

– Фрижидерот ми е празен и исклучен за да не трошам многу струја, јадеме најчесто макарони и сега нешто така салата јадеме само пипер или домат, генерално иста храна, вели Оливера.

– Ноќите во размилсување како ќе биде утре и како ќе го поминам денот се нај тешки, дали ќе имам работа дали ќе ме избркаат.

– Најголема желба ми е да најдам стабилна работа, тоа ќе биде решение и за двајцата и за мене и за синот, а се другото ќе си дојде како што треба, заклучува храбрата Оливера.