Од пријатели до лица кои делат ист орган, Кирчо од Кочани стана најхуманиот човек

  • By klaster1
  • јуни 30, 2021
  • 0
  • 7384 Прегледи

Кога пријателството е вистинско тоа може само да се зацврсти и стане неразделно. Кирчо од Кочани е човекот кој на својата пријателка и дарува дел од својот црн дроб.

Со тоа тој допринел денеска и двајцата да имаат добар живот. Откако ја следел подолго време состојбата на Ленче, тој одлучил да и помогне.

Испитувањата направени во Скопје покажале дека органите се совпаѓаат и на двајцата па така тие отишле на операција во Турција.

„Не испратија на операција, а овој зафат за црн дроб, мислам дел од црниот дроб да се даде на друг е многу тежок зафат .

,, Операцијата траеше шест до 12 часа и кога се направи операцијата останавме 22 дена под надзор во турската болница, на крајот бевме сите задоволни„ – вели Стојов, за ,,М-нет,, телевизија

Една година по враќањето во Македонија, Кирчо и Ленче добиваат покана од градоначалникот на Општина Кочани, да се запознаат.

Од тогаш почнуваат да се редат и други покани и настани за да господиниот Кирчо биде прогласен за еден од нај хуманите луѓе во државата.

Добива плакети, благодарници и трофеи од разни организации, но и од Министерот за здравство, Венко Филипче, за неговата хуманост која нема граници.

Кај Кирчо идејата да дарува дел од орган и да помогне на личност со која не се во сродство му се појавува благодарение на апелите и повиците од социјалните мрежи.

Следејќи го неговиот пример тој ги повикува сите граѓаните доколку се во можност да помогнат на некога кому навистина му е потребно тоа.

Чувството кога на некого ќе му помогнеш и ќе му подариш можност за живот е прекрасно и неописливо и едноставно те исполнува истакна Стојов.