Од денeс во ресторани, кафулиња и барови само ако сте вакцинирани или имате негативен тест во Москва

  • By admin
  • јуни 28, 2021
  • 0
  • 14065 Прегледи

Во главниот град на Русија, Москва во изминатите 24 часа се потврдени 6.723 нови случаи со корона, а 114 лица се уп коил поради што од денеска стапуваат нови епидемиолошки мерки.

Само на вакцинираните, лицата кои заздравеле од коронавирусот или луѓето кои ќе направат негативен тест, ќе им биде дозволен влез во московските ресторани, кафулиња и барови.

Градските власти воведоа и ограничувања за повеќето болнички услуги, така што тие ќе можат да ги користат целосно вакцинираните и граѓаните кои имаат тестови за антитела.

Бројот на заразени лица во Русија се уште расте, така што во последните 24 часа се регистрирани 20.583 нови случаи, додека се уп коиле 599 лица, јави рускиот оперативен штаб.

Меѓутоа, не се исполни планот за вакцинирање на 30 милиони граѓани до средината на јуни. Регионалните власти низ Русија ги задолжуваат вработените да се вакцинираат, а доказ за имунизација е неопходен за влез во рестораните и другите јавни места.

Здравствените власти причината за зголемувањето на новите инфекции ја гледаат во непочитувањето на санитарните мерки на граѓаните и распространетоста на новите видови на вирусот, но пред се во малиот процент на вакцинирани.

Само 20,7 милиони луѓе или 14 проценти од 146 милиони жители на Русија досега примиле барем една доза, а само 16,7 милиони или околу 11 проценти се целосно вакцинирани.

Московските власти соопштија дека компаниите не треба да им исплаќаат плати на вработените кои не сакаат да бидат вакцинирани и дека треба да им се заканат дека привремено ќе го суспендираат работењето на компаниите што не ја исполнуваат целта 60 проценти од работниците да добијат барем една доза до 15 јули, и двете до 15 август.